„Катастрофален избор“ за Светска банка? | Економија | DW | 07.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

„Катастрофален избор“ за Светска банка?

Американецот Дејвид Малпас е искусен политичар, човек од доверба на министерот за финансии Стивен Мнухин и познат критичар на Светска банка. Токму оваа институција во иднина треба да ја води Малпас.

Американскиот претседател Доналд Трамп го предложи Дејвид Малпас за нов претседател на Светска банка. 62-годишниот економист и државен секретар на Министерството за финансии треба да го замени Џим Јонг Ким, кој неочекувано го објави своето повлекување во јануари.

„По разговорите со многу заинтересирани, знаев дека Дејвид е вистинската личност", рече Трамп. Според него Малпас е „високо почитуван" и „брилијантен" човек. Од Белата куќа се вели дека процесот на внатрешен избор го водел министерот за финансии Стивен Мнухин заедно со ќерката на претседателот Иванка Трамп. Последниот збор го имаат телата на Светска банка.

„Неефикасна, често корумпирана“

Искусниот политички стратег Малпас веќе работел во администрацијата на претседателот Роналд Реган во рангот на секретар за финансии. Кај наследникот на Реган, Џорџ  Буш постариот Малпас беше активен во Стејт департментот. Тој зборува француски, руски и шпански јазик, и веќе долго време ја познава Светската банка и има дадено повеќе критички изјави за мултилатералните организации. Институциите како што се Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) „трошат многу пари" и не се "многу ефикасни". Нивната практика на давање кредити е „често корумпирана".

Das Hauptquartier der Weltbank in Washington DC (DW/R. Wenkel)

Седиштето на Светска банка во Вашингтон

Влијателни противници

Уште пред официјалната номинација на Малпас, имаше жестоки критики за ваквото кадровско решение. Нобеловиот лауреат за економија Пол Кругман на Твитер се осврна на погрешните оценки на Малпас за финансиската криза во 2008 година. Поранешниот портпарол на поранешниот американски претседател Џорџ Буш помладиот, Тони Фрато, ја опиша номинацијата на Малпас како „катастрофален, токсичен избор". Весникот „Фајненшал тајмс“ сумираше: „Малкумина во Светската банка и во владите ширум светот ќе се радуваат за овој избор".

 

Реклама