Катар се бори против короната со огромни казни | Свет | DW | 19.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Катар се бори против короната со огромни казни

Од денеска до 30 мај во Катар се затвораат продавниците и запираат сите деловни активности. Мерките се преземаат за да се спречи ширење на коронавирусот. Освен тоа, воведени се и драконски казни.

Властите во Катар преземаат драстични мерки за да ја сузбијат пандемијата на коронавирусот.  Од денеска до крајот на мај ќе бидат затворени продавниците, а ќе замре и бизнисот, јавува катарската државна агенција КНА. Исклучок се аптеките, продавниците за храна и доставувачите на прехранбени намирници.

Катар, освен тоа, воведе и остри казни за лицата кои нема да се придржуваат до обврската за носење маски во јавност. 

Повеќе во видеото:

Гледај видео 01:00

Затвор или огромни парични казни за неносење маска

 

DW.COM

Реклама