Катар планира крупни инвестиции во Германија | Економија | DW | 07.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Катар планира крупни инвестиции во Германија

Богатата држава од Персисикиот Залив најавува во наредините пет години да инвестира 10 милијарди евра во Германија.

Катарскиот емир Тамим бин Хамад ал-Тани планираните инвестиции ги најави денеска на почетокот на германско-катарската економска конференција во Берлин. Германската канцеларка ја поздрави намерата: „Ме радува зголемениот интерес на Катар за вложувања во Германија, тие се добредојдени“, рече таа.

Германија е посебно атрактивна за инвеститорите поради доверливите рамковни услови и поволната економска клима, нејзините фирми уживаат одличен углед, дополни Меркел, истакнувајќи ја во преден план непроценливата улога на средните по големина претпријатија, кои вработуваат и обучуваат голем број работници. Меѓу нив постојат вистински прикриени шампиони, односно претпријатија кои се водечки во светот во својата бранша, но очигледно не се доволно познати во јавноста, меѓу останатото и поради тоа што не се нотирани на берзите. Притоа, токму средно големите фирми се тие кои ја одредуваат нашата меѓународна конкурентност, дополни канцеларката. Катар од другастрана од географски аспект е мал, но сепак е стопанска величина, најголем светски извозник на течен гас, тој е една од најбогатите земји во светот, рече Меркел. Таа гледа големи перспективи за заедничка соработка меѓу двете земји на економски план и жали за актуелната криза во Персискиот Залив, надевајќи се на скоро решение.

Повеќе: 

Германија: добра за работа, лоша за живеење

Германија бара 1.000.000 работници

Катар од пред една година се наоѓа во конфликт, меѓу другите и со Саудиска Арабија. Лани во јуни раководството во Ријад, заедно со Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет, изврши прекин на односите со Катар, обвинувајќи го за поддршка на терористи и премногу блиски односи со смртниот непријател на Саудиска Арабија - Иран. Доха категорично ги отфрли ваквите обвинувања. 

DW.COM

Реклама