Како „Шпигел“ ја раскажа Југославија | Свет | DW | 29.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Како „Шпигел“ ја раскажа Југославија

Угледниот германски неделник „Шпигел“ слави 70 години постоење. Неговите насловни страници се сублимирани сведоштва за горливите теми во изминатите децении. Југославија на нив се најде 15-тина пати.

Неделникот „Шпигел“ растеше со повоена Западна Германија, иако е малку помлад од неа. Основан е точно пред 70 години, на 4. јануари 1947 година. Легендарниот основач и долгогодишен главен уредник Рудолф Аугштајн политички беше наклонет кон социјалдемократите и многу близок со канцеларот Вили Брант. Тоа не влијаеше врз уредувачката политика на весникот, кој денес може да се вброи во конзервативно-либералниот печат. Аугштајн го следеше новинарскиот принцип дека ќе објави сѐ што е вредно да се објави, колку и тоа да ја нервира власта. Стилот на магазиниот требаше да биде поприемлив за публиката од оној на тогашниот традиционален печат.

15 години по основањето, во 1962 година „Шпигел“ стана бесмртен. Еден полковник од Бундесверот до овој неделник достави податоци кои зборуваа дека Западна Германија не е доволно опремена да издржи напад од членките на Источниот блок- во тие години многу се зборуваше за такво сценарио и за евентуална Трета светска војна. Тој текст прерасна во државна афера- Аугштајн и уште тројца новинари се уапсени поради обвинување за предавство на земјата. Следеа демонстрации на граѓаните и солидарност од колегите новинари- на крајот министерот за одбрана и шеф на баварските конзервативци, Франц-Јозеф Штраус, мораше да поднесе оставка. Оваа афера важи за момент кога е удрен еден од темелите на слободниот печат во Германија.

Аугштај почина во 2002. година. „Шпигел“ остана познат по тоа дека модерно и живописно се занимава со сериозно новинарство. И во последните години откриваше големи афери, на пример, сомневањето оти Германија (Франц Бекенбауер) со поткуп дошла до организирање на Светското првенство во фудбал во 2006. година.  „Шпигел“, истотака, остана еден од највлијателните весници во Германија и, покрај падот на интересот за печатените весници, и  натаму има тираж од речиси 800.000 примероци неделно. Интернет порталот „Шпигел онлајн“, кој функционира во голема мерка независно од печатеното издание, е меѓу најпосетените во Германија.

Модерно и живописно неделникот се осврнуваше и на најзначајните теми во светски рамки. Така Југославија 15-тина пати се најде на насловната страница на „Шпигел“.  Повеќе во следнава галерија: 

DW.COM

Реклама