Како „од мајка роден“ на велосипед | Панорама | DW | 30.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Како „од мајка роден“ на велосипед

Едно лице кое носело само обувки на нозете било сликано од безбедносна камера во градот Кил во саботата, откако со својот велосипед ја надминало дозволената брзина. Полицијата досега не успеа да го идентификува.

Полицијата во северниот германски град Кил во саботата беше изненадена откако посведочи на најчудното прекршување на сообраќајните правила досега: гол човек, возел точак со импресивни 47 километри на час во зона каде дозволената граница е 30 километри.

Облечен само во патики, човекот бил „уловен“ од сообраќајната камера околу 11:30 часот, возејќи во правец на центарот на Кил.
Инцидентот се случува во период кога Германија се соочува со досега невиден топлотен бран. Дел од претпоставките се дека на овој начин, овој човек се справувал со големата горештина.

За среќа, како што јави локалниот весник „Килер нахрихтен“, човекот нема да мора да плати казна за брзо возење, затоа што неговиот идентитет останува непознат.

DW.COM

Реклама