Како ли ќе живееме без спорот за името? | Свет | DW | 16.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Како ли ќе живееме без спорот за името?

Не спорот за името меѓу Грција и Македонија, туку неговото решение, го стави Алексис Ципрас пред гласање за доверба во парламентот. Самиот спор долго беше страшилото во грчката политика, смета Спирос Москову.

Анахроничниот и долгодишен надуен спор околу името помеѓу Македонија и Грција, еден остаток од заостанатата балканска политика на маргините на ЕУ, често предизвикуваше турбуленции во обете земји. Особено сега кога е на повидок решение за конфликтот, тоа се покажува уште еднаш со случувањата во Атина. Се покажува колку е тешко да се направи исчекор кон модерноста во Југоисточна Европа.
Во средината на 2018 година, грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот македонски колега Зоран Заев постигнаа компромис со кој грчкиот сосед се согласи да го смени името во „Северна Македонија“. Со тоа, државата која прогласи независност во 1991 година, ќе добие име кое, според грчкото читање на историјата, веќе нема да полага право на истоимената северна грчка провинција Македонија и нема да значи узурпација на античкото македонско наследство.

А Атина ќе го отвори патот за членство на соседот во НАТО и ЕУ - што пак отвора нови перспективи за стабилноста на регионот.

Продажба на „светото име“

Компромисот беше изгласан во македонскиот парламент минатата недела. Сега, топката за ратификација на договорот, е кај грчкиот парламент. Веднаш се огласија камбаните на патриотите во Атина: големиот националист и министер за одбрана Панос Каменос во саботата поднесе оставка поради наводната распродажба на „светото име“ Македонија и со тоа се откажа од клучната улога на неговата партија АНЕЛ во обезбедувањето мнозинство за владата на Ципрас.

Moskovou Spiros Kommentarbild App

Спирос Москову

Премиерот сега се обидува да ја води играта отворајќи го прашањето за доверба на владата. Пресметката  на политичките сили во парламентот му даваат шанси за тесна победа на Ципрас, затоа што и некои пратеници на АНЕЛ ќе ја поддржат владата и покрај раскинувањето на коалицијата. Ципрас е сигурен и во успех на гласањето за договорот со Македонија. Потоа може да се случат предвремени избори. Со оглед на тоа што во октомври во Грција ќе се одржат редовни парламентарни избори, Ципрас може дотогаш да владее со различни мнозинства во парламентот.

Она што е застрашувачки во приказната не е скратениот мандат на владата на Ципрас, туку жестокоста со која еден голем дел од грчките политички партии отфрлаат еден многу разумен договор за решавање на спорот со соседна Македонија. Дури и Кирјакос Мицотакис, лидерот на Нова Демократија и најверојатниот иден премиер, го отфрла договорот и сака повторно да преговара со Скопје. Иронија на историјата: неговиот татко, поранешниот премиер Константинос Мицотакис, во 1993 година беше соборен од сопствената партија, откако дојде блиску до компромис со Македонија.

Надворешнополитичко страшило

И Социјалдемократите се изјаснуваат против решение на проблемот. Се чини како грчката политичка класа подобро да умее да дише кога ќе се заглави во наводни „национални прашања“. Се покажува дека, особено во земја потресена од кризи како Грција, политиката подобро се води во сенката на надворешнополитичките страшила. А за следната недела тврдокорните веќе планираат нови демонстрации за одбрана на Македонија - Грчката, се разбира!

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама