Историска шанса за проблемот на Косово | Свет | DW | 12.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Историска шанса за проблемот на Косово

За да се реши судирот меѓу Косово и Србија во разговорите не смее да има табу теми, вели за ДВ, Волфганг Петрич. Истовремено, Брисел треба да го постави односот кон Западниот Балкан како приоритет за ЕУ

ДВ: Господине Петрич, велите дека сега постои историска шанса да се реши прашањето на Косово. Зошто мислите така?

Петрич: Мислам дека претседателот на Србија, Вучиќ, со оглед на неговите изјави за Косово, сега е подготвен да го реши тоа прашање. Постои историска шанса да се реши тој последен историски конфликт на територијата на поранешна Југославија. ЕУ тоа треба да го препознае како навистина голема шанса.
ДВ: Што конкретно очекувате од Брисел?

Треба да се започне нов политички процес за да се надмине рутината во која западна дијалогот меѓу Приштина и Белград. Во следните две години фокусот треба да биде на решавањето на тој проблем. Во таа смисла, можеби би било добро некој кој е таму добро познат, да добие и политички мандат. Тој мандат би морал да биде поврзан со јасна цел проблемот да се приближи кон решавање. Исто така, мора да се размисли и за тоа што добива Србија, како да се мотивира Србија да го направи тој историски чекор.

Повеќе на темата: 

Србија и Косово: Верба во „новата фаза“

Поделбата на Косово им отвора апетити на Србите и Албанците

Пацоли: Се радувам на помирувањето со Србија
 

ДВ: Велите дека Брисел мора да се помрдне. Но што всушност- освен таа изјава на Вучиќ- се наоѓа на српската страна на преговарачката маса?

Постојат два процеси на кои укажува Вучиќ: прво, продолжување и евентуална завршница на дијалогот Белград-Приштина што побрзо. Тука конкретно се работи за институционалните права за Србите на Косово. А вториот многу важен чекор е внатрешниот, српски дијалог. Верувам дека е тоа важна подготовка за нешто што навистина би можело да донесе стабилност во регионот. Важно е во Србија да не чувствуваат дека се само однадвор принудени да признаат нешто, туку низ внатрешен дијалог да се дојде до решение кое би било прифатливо за двете страни. Секако, се уште е голем проблем што многу Срби и српски политичари тешко можат да прифатат и да кажат „Косово е загубено“, што Вучиќ веќе де-факто го стори.

Brüssel, Hashim Thaci, Federica Mogherini, Aleksandar Vucic (Europäische Kommission)

Потребен е нов политички процес меѓу Приштина и Белград, смета Петрич.


Секако, за тоа морате нешто да им понудите и на Србите. Тоа би морала да биде навистина добра заштита на правата на етничките малцинства, но на пример, и некое билатерално решение околу кое би се согласиле и Белград и Приштина, во врска со одредена корекција на границата. До 2019 година, кога новата администрација во Брисел ќе започне со работа, неопходно е да се решат отворените прашања. Во нив, пред сѐ спаѓа Косово. Целта би била новата администрација на ЕУ уште во 2019 да има план за пристапување на земјите од Западниот Балкан кон Унијата, кој би бил имплементиран во релативно кус рок.

ДВ: Мислите во пакет?

Тоа треба тогаш да се види. Најслабата алка во западнобалканскиот синџир е Босна. Таму треба да дојде до некое придвижување. Но дури и во тој случај сметам дека преговорите треба да се започнат релативно брзо. Треба да се направи список на приоритетни проблеми и да се решаваат еден по еден, земајќи ги предвид специфичните околности во БиХ. Тоа би требало да им го олесни пристапувањето. Тоа би делувало како некаков регионален натпревар: кој прв до целта? Точно се знае кој што треба да прави: за Србија тоа е решавањето на проблемот со Косово, за БиХ, тоа е дисфункционалната држава чиј корен лежи во Дејтонскиот договор. Предизвиците се јасно идентификувани и секој процес мора да се усклади со тоа.

Волфганг Петрич е австриски политичар, социјалдемократ, кој беше специјален пратеник на ЕУ за Косово и висок претставник на меѓународната заедница во БиХ.

 

DW.COM

Реклама