Инструментот за претпристапна помош, скратено ИПА, е механизам на Европската унија за помош на земјите кандидати за членство во ЕУ и земјите потенцијални кандидати.
ИПА инструментот е воспоставен во 2006 година од страна на Советот на ЕУ со цел да се подобри ефикасноста на надворешната помош на ЕУ. Согласно регулативата на ЕУ, се помагаат демократските институции и владеењето на правото; реформите во јавната администрација; спроведување на економски реформи; човековите и малцинските права, промоција на полова еднаквост и развој на граѓанското општество.