Инспекторите на ИАЕА допатуваа во Пјонгјанг
26 јуни 2007Реклама
Инспекторите на меѓународната агенција за атмоска енергија, по пет годишна пауза допатуваа во Пјонгјанг во мисија на набљудување на процесот на затворање на најголемиот нуклеарен реактор во Северна Кореа. Посетата на инспекторите е прва по декември 2002 година, кога севернокорејскиот режим ја забрани работата на агенцијата. Станува збор за првиот дел од договорот од 13 фебруари со кој Северна Кореа се обврза на прекин на нуклеарните активности.