Имаат ли граѓаните избор на изборите? | Македонија | DW | 16.11.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Имаат ли граѓаните избор на изборите?

Пет дена пред почетокот на изборната кампања, Дојче веле направи анкета со граѓани - што очекуваат од понудата за предвремените избори и дали кандидатите ќе понудат нешто различно и ново.

„Ќе имаме што да бираме“. „Ништо нема да се смени“. „Дваесет и две години само се менуваат те едните те другите, ние скапуваме“. „За никој нема да гласам“.

Вакви се коментарите кои граѓаните ги даваат за објавените изборни листи на партиите и најавените кандидати на престојните предвремени избори кои ќе се одржат на 11-ти декември.

Од оптимизам за промени, па до разочараност и песимизам дека било што ќе се промени на подобро. Граѓаните имаат измешани чувства, бидејќи како што велат, чекаат подобри времиња повеќе од дваесет години и тие никако да дојдат.

Некои од партиите на изборните листи понудија и нови свежи лица, додека пак некаде се појавуваат добро познати, но и компромитирани кадри.

Гледај видео 04:40

(Видео) Измешани чувства меѓу граѓаните за изборните листи

Во првата изборна единица, ќе се соочат Стево Пендаровски од СДСМ и Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ, а друштво ќе им прават Павле Трајанов (ДС), Ден Дончев (ВМРО за Македонија), Димитар Апасиев (Левица), Ивон Величковски (ЛП), Артан Груби од ДУИ, Идриз Орана од ДПА и Зеќирија Ибрахими од БЕСА.

Во втората изборна единица, главната битка ќе се води меѓу Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ и  Оливер Спасовски од СДСМ, додека во третата ќе се соочат Илија Димовски од владејачката партија и Љупчо Николовски од СДСМ.

Најмногу тензија предизвикува борбата во четвртата изборна единица каде ќе се бира меѓу Никола Груевски и Зоран Заев, а таму ќе се тркаат и Слободан Богоевски и Љубчо Георгиевски.

Во петтата изборна единица ќе се соочат Антонио Милошоски и Радмила Шекеринска, како и Љубе Бошкоски од Коалиција „ВМРО за Македонија“, Здравко Савески од Левица и други кандидати од помалите партии.

Во шестката граѓаните ќе бираат меѓу Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, Петре Шилегов од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ, Мендух Тачи од ДПА, Бранко Мајсторовски од ЛП и Билал Касами од БЕСА и НДП.

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама