Коронавирус: Лекот Ивермектин пристигнува во Македонија за две недели | Северна Македонија | DW | 08.01.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Коронавирус: Лекот Ивермектин пристигнува во Македонија за две недели

„Магичниот лек“ во кој многумина гледаат спас за да го победат смртносносниот Ковид-19 наскоро ќе биде достапен и за македонските граѓани

„Ивермектинот“ -  еден од лековите за кои се верува дека се поуспешни во справувањето со опасниот вирус Ковид-19, наскоро ќе биде достапен и за македонските граѓани. Досега се бараа заобиколни патишта и начини како тој од странство да се донесе во земјава, за лекување на заболените од вирусот. Но, според најавите на надлежните за две недели тој ќе може да се најде и на рафтовите во аптеките во земјата, а ќе се издава на рецепт. Ќе се користи и во болниците, а за дозирањето и употребата ќе одлучуваат лекарите. 

-повеќе на темата: Коронавирус: Со 2,4 милиони дози вакцини до колективен имунитет

„Лекот ќе се дава на три групи граѓани и кај сите ќе има различно дозирање, поради што мора да се консултира лекар за неговата употреба. Станува збор за ризични групи на работници, лица кои имале потврден контакт и луѓе кои се заболени од Ковид-19. Различно дозирање има кај сите групи и затоа треба да биде под надзор на лекар“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Сепак лекарите советуваат граѓаните да не го пијат на своја рака. Според нив, најдобро е матичниот лекар да провери какви лекови пие пациентот, за да се определи витинското дозирање со цел да нема некаква интеракција со други лекови.

Позитивни резултати

Според микробиолог Никола Пановски, лекот „Инвермектин“ кој досега се користел во ветеринарната служба, најдобро е да стигне со упатство за лекување на ковид. „Некој граѓани го употребуваа и во таа форма, но повеќето го нарачуваат и носеа во Грција во пакувања кое е наменето за паразитски болести. Очекувам формата која ќе се донесе кај нас да биде со упатство за лекување на ковид и да биде најмалку со по 6 таблети по 10 милиграма за да може со едно пакување да се направи терапија за човек со поголема телесна тежина. Тој единствен лек кој дава позитивни резултати во сите форми од болеста. Треба да видиме како тој ќе се издава кај нас дали ќе оди преку матичен лекар“, изјави деновиве Пановски за ТВ 24.

-повеќе на темата: СЗО ја суспендираше употребата на ремдесивир: Не помага против ковид

„Ивермектинот“ во Северна Македонија досега се користел само за лекување на животни во ветеринарните амбуланти. Откако ги помина сите фази на одобрување во Министерството за здравство и Агенцијата за лекови МАЛМЕД, а по бројните научни студии кои покажаа дека има ефект во сите фази на коронавирусот, Комисијата за заштита од заразни болести даде дозвола за негово користење. 

Ефикасен во сите фази од болеста

„Ивермектинот“, според последното истражување на СЗО од 18 ноември минатата година, е единствениот лек кој е ефикасен во сите три фази од ковид заболувањето: периодот на инкубација, полесна и потешка симптоматологија. Тој се смета за наводно чудотворно средство против короната, пред се' во Латинска Америка, зашто лекот за паразитски болести кај животните и луѓето е евтин и може да се купи без рецепт. Лекот се користи всушност за болести како шугата или болести предизвикани од паразити.

-повеќе на темата: Има ли докази за успешност на ивермектин против КОВИД-19?

Откако австралиски научници во јуни 2020 година во стручниот магазин „Антивирусни истражувања“ пишуваа дека во рамките на студија изведена во клинички услови, ивермектинот го намалил значително присуството на SARS-CoV-2 во телото, почна вистинска јагма за набавка на овој лек. Меѓутоа, цврсти докази за неговата ефикасност и натаму нема. Потребни се натамошни тестови за да се утврди дали лекот е соодветен за спречување и третман на коронавирусот. Јужноафриканската Агенција за лекови САХПРА на крајот на декември 2020-та предупреди од употреба на лекот. Како што се вели, нема докази за неговата безбедност и ефикасност и нема клинички студии кои ќе ја оправдаат неговата употреба.

 

Реклама