Зошто сипаниците се толку смртоносни и вакцинацијата толку важна? | Свет | DW | 17.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зошто сипаниците се толку смртоносни и вакцинацијата толку важна?

Во дел од Њујорк е прогласена вонредна состојба по епидемијата на сипаници. На невакцинирани деца им е забранета посетата на училиштата. Во Германија исто така се одвива дебата за задолжително вакцинирање.

Мерките со кои се дефинира јавен простор е секаде каде „што може да се соберат повеќе од 10 лица" – вклучително и јавен транспорт – беше објавено неодамна од официјалните лица во Рокланд, на 40 километри северно од Њујорк. Тоа беше најрадикалниот чекор преземен од американските власти по избувнувањето на епидемијата во неколку региони за што се обвинува анти-ваксерско движење.

„Мора да направиме сѐ што е во наша моќ за да ѝ се стави крај на епидемијата и да се заштити здравјето на оние кои не можат да бидат вакцинирани од медицински причини и на децата кои се многу мали за да бидат вакцинирани", вели првиот човек на оваа област, Ед Деј. Тој исто така го критикуваше и „отпорот“ кон здравствените инспектори од дел од локалното население. Во областа Рокланд, во која има над 300.000 луѓе, регистрирани се 153 случаи на сипаници, за која во 2000 година беше официјално објавено дека се искоренети. И покрај огромните кампањи за вакцинирање, по избивањето на епидемијата од минатиот октомври, е утврдено дека околу 27% од малолетниците под 18 години се невакцинирани, вели Деј.

Најлошо засегнати населби се оние со екстремно – православно еврејско население, каде што многумина се против вакцинација поради религиозни причини. Вакцинацијата во САД, во теорија е задолжителна за да може детето да се запише на училиште, но во 47 од 50 сојузни држави, вклучително и во Њујорк – се дозволуваат исклучоци од правилото, меѓу кои и религиозни причини.

Зголемен бројот на случаи со сипаници во светот

На почетокот на март, УНИЦЕФ го вклучи алармот поради рапидно зголемениот број на случаи на сипаници во некои региони во светот. Во 2018 година во 98 земји се регистрирани повеќе случаи на сипаници од претходно. Извештаи со регистрирани случаи на сипаници доаѓаат и од земји во кои оваа болест беше искоренета, меѓу кои и Бразил, каде што само минатата година со сипаници беа заразени над 10.000 луѓе. Во Филипини беа заразени околу 13.000, додека во Мадагаскар тој број порасна на 76.000 само од минатиот септември. Ситуацијата е делумно драматична и во Украина, каде 24.000 луѓе се заразени од опасниот вирус само во првите недели од годинава.

Повеќе:

-Популизмот ги храни сипаниците

-Вакцинирање: Смртта не е имуна на фактите

-Само деца вакцинирани од морбили можат во градинка и училиште

Дали вакцинацијата ќе биде задолжителна во Германија?

Според институтот „Роберт Кох“, бројот на пријавени случаи во Германија од 929 во 2017 паднал на 543 минатата година. Без оглед на тоа, во Германија и натаму има контроверзи околу можноста за задолжително вакцинирање, барање кое минатиот март го поднесе експертот за здравство од редовите на СПД, Карл Лаутербах. Неодамна сојузниот министер за здравство Јенс Шпан од ЦДУ се залагаше за задолжителна вакцинација за деца на школска возраст.

Како се пренесуваат патогените?

Првиот знак дека некој има сипаници е црвен осип на кожата. Првично црвенилото е видливо зад ушите, на вратот или главата. Три дена пред да се појават првите знаци вирусот веќе навлегол во телото. Инфицираното лице е заразно и без да е свесно за тоа. За сигурна дијагноза пациентите за кои има сомневања дека го имаат вирусот мора да бидат тестирани на антитела во крвта.

Вирусот се пренесува директно преку воздух во форма на ситни капки плунка или мукус, вообичаено преку кивање или кашлање. Но, исто така вирусот може да се пренесе и со обичен разговор ако е во непосредна близина. Сипаниците се исклучително заразни. Секое заразено лице заразува околу 15 здрави лица. Луѓето се единствени природни домаќини на вирусот. Сипаниците се заразни уште пред да се појават првите видливи знаци на болеста.

Честопати непредвидлив тек на заболувањето

Околу 14 дена по иницијалната инфекција пациентите добиваат зголемена телесна температура и почнуваат да кашлаат. Тогаш и црвениот осип почнува да чеша. За да се олеснат таквите симптоми докторите вообичаено препишуваат симптоматска терапија. Пациентите може да развијат воспаление на средно уво, пневмонија или тешка дијареја. Во најлошото сценарио, дијарејата може да предизвика дехидрираност и смрт. Нема специјален третман за сипаници. Организмот самиот мора да се справи со инфекцијата. Сипаниците може да предизвикаат менингит, кој може да има последици како тешки оштетувања на мозокот и ментални проблеми. Според главното тело во Германија за јавно здравје, институтот Роберт Кох, енцефалитис од сипаници се појавува на една од илјада инфекции. Една од пет се со фатален исход. Таквите компликации не мора да се појават при првичното избувнување на инфекцијата, туку може и години подоцна.

Повеќе: 

Епидемијата на морбили ќе трае со месеци

Бројот на инфекции со морбили зголемен за 300 проценти

Вакцинација е најдобра заштита

Многу родители одбиваат да ги вакцинираат децата бидејќи стравуваат од сериозни нус појави. Некои претпоставуваат дека е подобро децата да се инфицираат со вирусот за нивниот организам да создаде антитела. Во некој период дури беа многу популарни „забави за сипаници”. Родителите праќаа здрави деца на играње кај заразени во надеж дека и тие би се инфицирале. Родителите кои го правеле тоа биле убедени дека така го јакнат имуниот систем на детето кое ќе фати сипаници.

Единствената ефективна заштита од сипаници е имунизацијата

Експертите се убедени дека тоа не соодветствува со реалноста. Погрешни верувања и тврдења придонесуваат за задршките кон вакцините. Теоријата дека постои поврзаност меѓу вакцинацијата за сипаници и аутизмот не е ништо повеќе од мит кој докторите многупати го демантирале. Вакцината за сипаници има две дози од вирусот на сипаници со намалено дејство. Постојаната комисија за вакцинација на Роберт Кох институтот препорачува вакцинација против сипаници во комбинација со вакцинација за уште два други вида, како што се заушки и рубеола. Вакцинацијата треба да се спроведе откако детето ќе наврши една година, бидејќи само така родителите може да бидат сигурни дека нивното дете е заштитено од опасниот вирус.

Промашен таргетот за вакцинации

Светската здравствена организација си имаше поставено за цел сипаниците во светот да бидат искоренети до 2020 година. Чешка, Естонија, Финска, Португалија, Словачка и Словенија се единствените земји кои досега ја постигнале таа цел.

DW.COM

Реклама