Зехофер предлага бегалците кои прават проблеми да бидат затворани | Свет | DW | 18.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Зехофер предлага бегалците кои прават проблеми да бидат затворани

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер од ЦСУ сака одбиените баратели на азил доколку е потребно да ги стави и зад решетки. Ова предизвика лавина критики, но и одобрение.

Во германската политика стана мода да се носат закони со еуфемизми. Така на пример има „Закон за добри градинки", а сега и министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер предложи "„Закон за регулирано враќање" кој владиниот кабинет му го одобри. Законот предвидува заострување на прописите за протерување на луѓето кои немаат основа за азил во Германија.

Баратели на азил во затвор?

Зехофер вчера попладне на новинарите им ги претстави деталите за новиот закон. Политичарот од ЦДУ јасно стави на знаење дека ова не се однесува на сите бегалци, туку на оние кои прават проблеми. Конкретно, се однесува на одбиените баратели на азил кои не го откриваат својот идентитет, не сакаат да соработуваат и се противат на депортација. Во иднина, доколку е потребно, тие ќе бидат ставени зад решетки, сѐ до моментот додека не треба да ја напуштат земјата. Ова предизвика жестоки реакции.

Проблемот со илегалците

Околу 180.000 бегалци дојдоа во Германија минатата година, што е многу помалку во споредба со 2015 и 2016, кога во земјата имаше над еден милион баратели на азил. Зехофер ги сподели и впечатоците од неговото патување низ земјата, за разговорите со локалните власти, бегалци, полицајци и волонтери:

„Секаде слушам: сега работите ни се под контрола во голема мера, но имаме проблем со оние што исчезнуваат во илегала."

Horst Seehofer (picture-alliance/dpa/K. Nietfeld)

Хорст Зехофер

Ова се однесува на оние на кои им се заканува депортација. Минатата година беа протерани 25.000 лица, извести Зехофер, но во 31.000 случаи таквата постапка не можела да се спроведе, бидејќи лицата не се достапни. Токму поради ова, во случај кога барањето за азил е одбиено, на лицата кои го кријат идентитетот и не се кооперативни треба да им се наментат парични казни, и доколку е потребно да бидат ставени зад решетки. Зехофер сподели уште едно лично искуство поврзано со ова: „Во сите случаи во кои лично бев вклучен, лицата имаа истовремено по неколку идентитети."

Зехофер сака да го удвои капацитетот за сместување бегалци за депортација

Всушност затворањето и протерувањето во Германија се строго одделени. Не смее да се има впечаток дека бегалците се изедначени со сторители на кривични дела.

Зехофер вели: Во цела Германија има само 500 места за сместување на бегалци за депортација. Тој сака оваа бројка да ја удвои на 1000, при што дел од нив може да бидат сместени и во затворите.

„Досега има само 500 места во сите 16 покраини“, нагласи Зехофер, и додаде дека е јасно оти ова не е доволно.

Abschiebeflug mit abgelehnten afghanischen Asylbewerbern (picture-alliance/dpa/D. Maurer)

Минатата година беа протерани 25.000 лица

И критики и одобрување

Да се сместат бегалци заедно со осудени криминаци? Ова предизвика жестоки реакции, особено кај министрите за правда во речиси сите покраини, меѓу кои и припадници на конзервативната ЦДУ. Тие сметаат дека оваа регулатива е противуставна. Критики доаѓаат и од организациите за помош на бегалци

„Несигурност, лишување од права, затвор", вели насловот на соопштението од „Про Азил“. Натаму во текстот стои: „Вакво бесмислено протерување на засегнатите кои немаат можност да добијат адвокат, не е во согласност со законот според кој притворот треба да биде последно средство кое би се употребило".

Ова исто така е став на ФДП. Нивниот заменик шеф на пратеничката група Штефан Томеј за „Аугсбургер Алгемајнен" вели: „Сместување на исто место на мигранти за депортација со нормални затвореници е нелегално и противзаконски."

Одобрување на законот пак има од градовите и општините. Првиот човек на сојузот на градови и општински здруженија, Герд Ландсберг за „Ноје оснабрикер цајтунг" вели дека законот е добар инструмент за ослободување на преоптоварените општини. Многу бегалци не ги напуштаат своите татковини од страв од малтретирање, туку од економски причини, вели тој и додава: „И покрај јасните регулативи, на властите сѐ помалку им успева овие луѓе да ги вратат назад во земјите од каде што доаѓаат."

Deutschland Asyl-Erstaufnahmestelle Nostorf-Horst (picture-alliance/dpa/J. Büttner)

Лицата за протерување мора да бидат сместени сепарирано од казнетите сторители на кривични дела

Делот на СПД во новиот законски пакет за азилантите - одвај забележлив

Речиси во позадина остана фактот дека законскиот пакет за азилантите кој сега беше усвоен има и втора страна. Министерот за труд Хубертус Хајл од СПД поднесе нацрт закон со кој на бегалци им се овозможува полесен пристап до курсеви за изучување на јазикот и мерки за професионална поддршка. Таквиот предлог наиде на одобрување од специјалниот пратеник на сојузната влада за прашања поврзани со интеграцијата, Анете Видман-Мауц која е од редовите на ЦДУ.

Таа вчеравечер за радиото Дојчландфунк изјави дека новиот закон е „важен, бидејќи со него се придонесува луѓето да имаат пристап до работа и јазик и вредностите на нашето општество, а тоа го поттикнува соживотот."

Повеќе: 

Баварски „експеримент“ во бегалската политика

Мерки за полесно протерување од Германија

Изгледа сепак ќе има промени во Бундестагот

Но, во насловите доминира Зехофер. Всушност, Европскиот суд уште пред пет години пресуди дека затворениците за протерување мора да бидат сместени сепарирано од казнетите сторители на кривични дела. Но, во многу европски земји недостигаат такви места. Затоа законот предвидува поединечни земји во период од три години да може да отстапат од правилото за сепарација. Токму тоа сега го прави Германија. Барем, ако се прашува Зехофер. Но, дури и во ЦДУ велат дека за многу детали во законот морало да се разговара пред да биде усвоен во Бундестагот.

DW.COM

Реклама