Земјата оди кон безвластие, Уставниот суд пред клучна одлука | Северна Македонија | DW | 04.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Земјата оди кон безвластие, Уставниот суд пред клучна одлука

Ако се укине одлуката за распуштање на Собранието, бидејќи не се оствари целта поради која беше донесена - избори на 12- ти април, тогаш ќе се отстрани и правната пречка Собранието да се состане.

Ако Уставниот суд не ја укине одлуката за распуштање на Собранието која стана беспредметна бидејќи беше донесена заради изборите, но тие  не се одржаа, тогаш на Северна Македонија и се заканува безвластие, објаснува за ДВ судија на Уставниот суд.

За да се спречи тоа, уставен судија во минатиот петок поднел предлог до Уставниот суд, со барање тој по службена должност да поведе постапка за укинување на одлуката за распуштање на Собранието. Смета дека Собранието треба да биде функционално, бидејќи не се одржале избори, а мора да се подготви терен за нивно одржување и да се одреди нов датум за изборите. За предлогот на уставниот судија стручниот колегиум ќе разговара в среда, по завршувањето на редовната седница на Уставниот суд, на чиј дневен ред е првата одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба, и неколку иницијативи за други прашања. Иницијативи до Уставниот суд стигнале и за втората одлука на пртетседателот за прогласување на вонредна состојба.

Легитимна, но сега е беспредметна

Кога во февруари годинава до Уставниот суд стигнала Иницијатива од граѓанин за оценка на одлуката за распуштање на Собранието, Судот се изјаснил дека таа одлука е легитимна. Но, со појавата на короната-кризата и прогласувањето на вонредна состојба, заради кои изборите процеси беа стопирани, таа одлука на Собранието станала беспредметна. 

„Одлуката за распуштање на Собранието беше легитимна и Уставиот суд ја оцени како таква. Но, по неа уследи одлука прогласување на вонредна состојба од објективни причини, и изборите беа одложени. Со тоа не се остварија причините и целта поради кои беше донесена одлуката за распуштање на Собранието - одржување на предвремени парламентарни избори на 12-ти април. Второ, одлуката и натаму е во правен поредок, а имаме вонредна состојба, во која Владата добива надлежности кои му припаѓаат на Собранието. Во ситуација кога Собранието не се состанува заради одлуката за негово распуштање, државата се доведува во состојба на interregnum , бидејќи само парламентот е тој кој мора и може да го одреди новиот датум за изборите. Сега имаме распуштено собрание заради избори кои не се одржаа“, укажува нашиот соговорник.

Повеќе:

-Уставот дава можност Собранието повторно да се состане

-Изборите станаа табу тема

-Изборите како прво, или последно гајле

Од тие причини, одлуката за распуштање на Собранието донесена во февруари, сега ја оценува како правна пречка и како штетна одлука која треба да биде ставена надвор од правниот поредок.

„Уставиот суд треба да го исфрли од правен поредок неговото решение за легитмноста на одлуката за распуштање на Собранието, и со тоа да создаде услови Собранието да мора да заседава за да донесе нова одлука", вели судијата.

Ако предлогoт на уставниот судија биде прифатен на стручниот колегиум, ќе биде отстранета правната пречка за закажување собраниска седница,

Собранието мора да се состане

Нашиот соговорник потсетува дека и Уставниот суд има вонредни обврски и дека е клучен, бидејќи е правен контролор кој треба да ги цени активностите на претседателот на државата и на Владата која носи уредби со законска сила, но и клучен фактор кој треба да ги отстрани сомнежите на претениците околу можноста Собранието да се состане. Не сака да прогнозира дали ќе има мнозинство кое ќе се изјасни дека одлуката за распуштање на парламентот треба да биде ставена надвор од правниот поредок. Дури и да нема, смета дека тоа не го ослободува Собранието од обврската да се состане.

„Дури и штетната одлука да остане во правна сила, бидејќи не се оствари целта заради која таа е донесена - одржување на избори, Собранието ќе мора да се состане заради две нешта: неговата надлежност во однос на вонредната состојба, и за да подготви терен за избори и да се одреди нов датум за нивно одржување“, вели уставниот судија.

 

Реклама