Здравствените биланси ги спуштаат граничните рампи | Северна Македонија | DW | 06.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Здравствените биланси ги спуштаат граничните рампи

Туристичките работници кои беа соочени со мртва сезона оваа пролет, се надевале оти „ќе фатат“ нешто од летната сезона. Но, како што поминуваат деновите, надежта им се топи

Празни зјааат просториите на македонските туристички агенции, чии излози се украсени со бројни фотографии од егзотични дестинации во странство, и пораката „Лето 2020 - изберете дестинација!“ Заради корона-кризата тие места во моментов се недостапни за македонските граѓани. Туристичките работници кои беа соочени со мртва сезона оваа пролет, велат дека се надевале оти „ќе фатат" нешто од летната сезона. Но, како што поминуваат деновите, надежта им се топи.

„Во однос на аранжманите во соседството, се надевавме дека нешто ќе мрдне барем од јули. Но влошувањето на состојбата со Ковид -19, и овде и во соседните земји, ни ги урна тие надежи. Ако се стабилизира здравствената состојба, се надеваме дека би можеле да фатиме барем дел од август или септември. За жал, никој не може да направи прогноза, бидејќи се зависи од здравствена ситуација, а со тоа и од граничните режими во земјите каде ги реализираме аранжманите. Состојбата се менува речиси на дневна основа“, велат од скопска туристичка агенција, која претежно нуди аранжмани за соседните земји, а најмногу за Грција.

„Последниот воз“

Дека за туристичките агенции состојбата е најнеизвесна, говори и фактот дека од 6 часот утрово до 15-ти јули во Грција повеќе не може да влегуваат туристи од соседна Србија, а оние кои се веќе таму може да го завршат летувањето според договорениот аранжаман. Причина за ваквата грчка одлука е што голем број од српски туристи тестирани по случаен избор биле позитивни на Ковид-19, но и поради тоа што во Србија рапидно расте бројката на новозаразени. Иако српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, вчера апелираше граѓаните да не тргнуваат кон Грција за да не бидат вратени од граница или затекнати на пат кога забраната ќе стапи во сила, сепак, српски туристи вчеравечер се обиделе да го фатат „последниот воз".

Повеќе:

-Брисел ја финализираше листата: македонските граѓани не можат во ЕУ

-Коронавирусот и натаму во галоп, границите остануваат отворени

-Скопје и регионалните престолнини жаришта на вирусот

Бугарски медиуми објавуваат дека пред бугарско- грчкиот граничен премин Кулата - Промахонас (единствениот преку кој српските туристи можеа да влегуваат во Грција) колоната возила вчера била долга 12 километри, а доминирале најмногу возила од Србија. Последни кои успеале да ја поминат бугарско- грчката граница, биле оние кои стигнале таму најдоцна до 1 часот утрово. По четири часа чекање влегле во Грција, непосредно поред забраната да стапи на сила. Сега во колоната кон Грција доминирале единствено романски и бугарски државјани.

Равенка со многу непознати

До 15-ти јули македонските државјани не можат да влегуваат во Грција, а дали таа одлука ќе биде променета или продолжена, ќе зависи од здравствените биланси во земјава. Пред една недела,  грчките телевизии „Скај“ и „Мега“, објавија дека околу 10 до 15 автомобили од Македонија и БиХ биле вратени од граничниот премин Кулата- Промахонас, откако се обиделе преку Бугарија да влезат во Грција.

„Луѓето едвај чекаат да се релаксира состојбата. Секако, има дел кои решија летово да не патуваат надвор од земјава, а оние кои имале веќе уплатен аранжман тоа право ќе може да го искористат во друг термин, по нивен избор. Но, има голем дел кои се заинтересирани за одмор ‘што поскоро’. Најчестите прашања кои ги добиваме се однесуваат на тоа дали ќе има доволна понуда на сместувачки објекти, и со каков превоз ќе може да се патува – приватен или организиран. Во моментов ништо од тоа не е проблем, освен здравствените бројки, а со тоа и граничниот режим“, објаснуваат од агенцијата.

Бројките во моментов не одат во корист на брзо отворање на границите за македонските граѓани. До вчера вкупната бројка на позитивни на Ковид -19 од почетокот на епидемијата изнесува 7.046, бројката на оздравени 3.027, на починати 341. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.678, од кои најголемиот број се од Скопје (2007). Значително зголемување на бројот на активни случаи има во Прилеп, Тетово, Струга, Велес, Битола, Охрид, Кавадарци, Крива Паланка, Пробиштип, Македонски брод, Свети Николе и Кичево. Во болниците во земјава на лекување од Ковид-19 се наоѓаат 423 пациенти, од кои 5 се на респиратор. Досега се направени вкупно 67.165 тестирања. 

Дали земјата ја зафати втор бран, или одложен, втор пик на заразата од Ковид-19? Анализата на билансите покажува дека вкупната бројка на заразени од трите месеци (март, април и мај) се помали од бројката на заразени само во еден месец – јуни, која достигна над 4.000.

Поврзана содржина

Реклама