Здодевна дебата за расното профилирање | Свет | DW | 03.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Здодевна дебата за расното профилирање

Смеете ли да ги нарекувате луѓето од Северна Африка „Нафрис“? Полицијата во Келн го стори тоа, но се работеше за код за внатрешна употреба. Проблемите во моментов се далеку поголеми од тоа, смета Јенс Турау

Да почнеме со фактите. На Новогодишната ноќ, келнската полиција сакаше да спречи фијаско како претходната година, за што беа со право критикувани: во 2015 година стоеја одстрана, и најпрво не ги ни забележаа стотиците млади луѓе- повеќето од Северна Африка, кои сексуално напаѓаа жени, а во некои случаи се обидоа и да ги силуваат.
Токму затоа во 2016 реонот околу Катедралата беше претворен во тврдина чувана од 1,700 полицајци. Стотици млади луѓе беа контролирани, на многумина им беше забранет пристапот, а околу 100 беа приведени. Полицијата преку социјалните мрежи откри дека северно-африканци планирале повторно да се сретнат во Келн и да го сторат истото од минатата година, и ја искористи информацијата за да го спречи тоа.

Избрзан твит

DW-Mitarbeiter Jens Thurau

Јенс Турау

А потоа, пред полноќ, полицијата желна за признание твитна „Стотици Нафрис проверени на главната железничка станица. Деталите следат“.
И што се Нафрис? Се работи за внатрешен полициски код за престапници или потенцијални престапници од Северна Африка. Звучи омаловажувачки, но твитот беше постиран во брзање. Полициски портпарол се извини за ненамерното користење на називот. Полицијата беше под огромен притисок, а нејзината најважна задача беше да спречи повторување на минатогодишните настани.
Реакциите на твитот беа исто толку предвидливи колку што се и здодевни. Партијата на Зелените смета дека називот не е прифатлив и прашува дали полицијата вршела расно профилирање, што е всушност забрането. Баварската ЦСУ ја брани полицијата, а шефот на келнската полиција ги отфрли обвинувањата за расизам. На Твитер, Зелените привлекоа бран критики и омраза откако понудија далеку полош назив за „младите луѓе кои изгледаат како да се од Северна Африка“, наместо името „Нафрис“.
И што научивме од ова искуство?

Секако дека не сите луѓе од Северна Африка уживаат да малтретираат жени. Но пред една година, мнозинството од престапниците во Келн беа со такво потекло, и апсурдно е тоа да се негира. Затоа полицијата се фокусираше на оваа група- што друго требаше да сторат? Полицијата исто така се извини за непромислениот твит, и тоа е добро. Всушност, тие завршија добра работа, и луѓето треба да се опуштат.
Мнозинството од луѓето мислат дека новинарите само бараат конфликти и судири. А ниту еден извештај не е доволно неконсеквентен за да не може да се искористи и да се претвори во скандал. Ова е мојот контрапредлог: Ајде да ги оставиме „Нафрис“ на мира и да се свртиме кон навистина важните вести?

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама