Криминал
Келн безбедносно подготвен за дочекот на Новата Година
30 декември 2016Реклама
Германскиот град Келн е подготвен за дочекот на Новата Година, уверуваат градските власти. 1500 полицајци ќе бидат ангажирани за гарантирање на безбедноста на луѓето кои сакаат мирно да го прослават доаѓањето на новата 2017 година. Во градот се инсталирани и поголем број камери за надзор, а безбедносните мерки беа дополнително зајакнати по терористичкиот напад врз божикниот панаѓур во Берлин, со бетонски бариери против камиони. По новогодишната ноќ во 2016 во полициските станици пристигнаа стотици пријави од девојки и жени за кражба, напади и сексуално малтретирање од страна на групи на млади луѓе од северноафриканско потекло. Келнската новогодишна ноќ остави длабока лузна во германското општество. Повеќе детали во следново видео: