За СПД, голема коалиција е само една од опциите | Свет | DW | 01.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

За СПД, голема коалиција е само една од опциите

Лидерот на СПД, Мартин Шулц, ги демантира информациите за договор на неговата партија и Унијата да почнат разговори за голема коалиција. Шулц телефонирал со Меркел и ја обвини ЦДУ за уништување на меѓусебната доверба.

Мартин Шулц е револтиран поради објавените информации според кои неговата партија СПД постигнала договор со Унијата (ЦДУ/ЦСУ) за влегување во преговори за влада на голема коалиција. „Ја отфрлам веста за 'зелено светло' за преговори за голема коалиција, таа е лажна“, изјави Шулц денеска во Берлин. Бидејќи таа очигледно е лансирана од Унијата, како што рече, Шулц телефонирал со канцеларката Ангела Меркел, на која ѝ кажал дека „постапката е неприфатлива. Оној кој пушта во оптек лажни вести, ја уништува меѓусебната доверба“. Шулц истакнува дека за СПД остануваат отворени сите опции и партиското раководство во понеделник ќе изгради став околу идна влада на голема коалиција, кој потоа ќе биде изнесен на партискиот конгрес.

„Во државава функционира техничка влада, не постои никаков временски притисок. Сакаме за разговараме за сите опции“, истакна Шулц.

Во интервју за „Шпигел“, Шулц пак денеска пледираше за коренита реформа на ЕУ и на германскиот социјален систем како ср‘ж на евентуални разговори со ЦДУ и ЦСУ.

Повеќе за темата:

Очајно потребна доверба

Голема коалиција: Каде ќе се кршат копјата?

Германија стана понормална

Под потребата Европа да биде поставена на нови основи, Шулц подразбира и заедничка европска даночна политика, како и воведување ЕУ-министерство за финансии. Како предуслов за учество во нова влада, на внатрешен план тој очекува  сѐопфатна реформа на здравственото осигурување во Германија.

Во меѓувреме младите Социјалдемократи најавија масивен контраветар во поглед на евентуално нова голема коалиција. Како што истакна нивниот претседател Кевин Кинерт, тие се „против од сосема принципиелни содржински причини.“ Подмладокот на СПД денеска стартуваше кампања, на интернет страницата е објавена петиција под мотото „Не за голема коалиција“, во која се повикани да се потпишат сите членови на СПД. За младите Социјалдемократи во актуелнава ситуација најприфатливо решение би било малцинска влада.

Deutschland Spitzentreffen beim Bundespräsidenten (picture-alliance/AP Photo/M. Schreiber)

Ангела Меркел по синоќешната средба кај претседателот Штајнмајер

Христијанско демократската унија пак денеска го потврди ставот за влегување во преговори со СПД за ново издание на голема коалиција.

По неуспехот на сондирањата за влада на т.н. Јамајка коалиција, синоќа претседателите на партиите од Унијата и СПД, канцеларката Ангела Меркел, Хорст Зехофер и Мартин Шулц разговараа заедно со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, по што не беа дадени изјави, а партиските раководства денеска ги дискутираа резултатите од синоќешната средба во дворецот Белви.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама