За За Габор - трагичната холивудска куртизана | Панорама | DW | 19.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

За За Габор - трагичната холивудска куртизана

Актерката по потекло од Унгарија, доживеа речиси 100 години, умре во својата вила во Лос Анџелес. Попозната беше по своите афери отколку по филмовите.

Гламурозните времиња на За За Габор одамна беа зад неа, но холивудската ѕвезда постојано беше во фокусот на јавноста. Сега стигна веста - поранешната „Мис на Унгарија“ почина во Лос Анџелес - ѝ откажало срцето, како што соопшти нејзиниот сопруг, принцот Фредерик од Анхалт.

За За Габор одамна беше закована за кревет и тешко болна. Таа речиси со години не ја напушти нејзината вила со 28 соби во елитната населба Бел Ер, каде некогаш живеел Елвис Присли.

Zsa Zsa Gaborund Conrad Hilton (picture-alliance/Globe-ZUMA)

За За Габор и Конрад Хилтон

За За Габор стана позната по Втората светска војна како глумица и секс-симбол. Иако глумеше во повеќе од 70 филмови, меѓу кои најпопуларни се „Мулен руж“, „Лили“ и „Ариведерчи бејби“, Габор беше уште попозната по својот бурен, често трагикомичен љубовен живот, . Иако се мажеше девет пати и имаше многубројни афери, и често ги полнеше страниците на трач рубриките, имаше само едно дете – ќерката Франческа, со хотелскиот магнат Конрад Хилтон, за кого се омажила во 1942 година.

Zsa Zsa Gabor und Prinz Frederic von Anhalt (imago/United Archives)

За За Габор и нејзиниот сопруг принцот Фредерик од Анхалт

Во својата автобиографија од 1993 година како свој љубовник го наведе и Мустафа Кемал Ататурк, втемелувачот на современа Турција по потекло од македонските краишта, а ги споменува и славниот актер Шон Конери и пејачот Френк Синатра. Меѓутоа, била и пребирлива и ги одбила американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, Евис Присли, Џон Хјустон и Хенри Форд, како што наведува во автобиографијата. Врвот на креативниот успех на Габор е во периодот меѓу 1952 и 1958 година, но таа продолжи да снима и во 1970-те и во 1980-те години. Сепак, дури и кога нејзината кариера се движеше по надолна линија, таа продолжи да биде во центарот на вниманието на јавноста благодарејќи на браковите, екстравагантните постапки и ретката смисла за хумор.  Зборлестата актерка беше позната и по своите изреки, меѓу кои често се цитирани: „Да се разведеш само затоа што не го сакаш е речиси е исто толку глупаво како и да се омажиш за некого бидејќи го сакаш“; „Никогаш не сум мразела маж толку, за да му ги вратам дијамантите“; „Јас сум голема домаќинка. Кога се разведувам, ја задржувам куќата“.

Во 1958 година За За Габор ја доби престижната награда Златен глобус.

Гледај видео 01:32

Почина За За Габор

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама