Застој на програмата за приватизација во Грција
12 јули 2012Во Грција годинава може да биде завршена само продажбата на државната лотарија и на еден објект во главниот град Атина-олимпискиот комплекс Хеленикон, призна шефот на надлежните служби, Костас Митропулос.
„ Остана уште малку време во оваа година, па само тие две продажби ќе бидат остварливи, а преостанатите 23 ќе бидат одложени за 2013 година“, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас, по разговорите со Митропулос кој ја извршува функцијата директорот на Развојниот фонд на грчката република
Со тоа владата значително ќе потфрли во целта во 2012. година да собере повеќе од три милијарди евра. Продажбата на државниот имот е едно од централните ветувања на Грција кон меѓународните кредитори, кои со милијарди евра помош ја спасуваат од банкрот.
Коалициската Влада на премиерот Андонис Самарас се залага за масовна приватизација во обид да ги увери доверителите од странство дека Грција е на вистински пат и оти е подготвена да се приклучи на светската економија.