Заслужен пораз за Новак Ѓоковиќ | Свет | DW | 17.01.2022
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Заслужен пораз за Новак Ѓоковиќ

Конечната одлука во случајот Ѓоковиќ е донесена – Австралија Опен се одржува без него. Во целиов случај има многу губитници, но најголем меѓу нив е самата тениска ѕвезда, смета Андреас Штен – Цимонс.

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ нема да ја брани титулата на Австралија Опен

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ нема да ја брани титулата на Австралија Опен

Во принцип австралискиот премиер Скот Морисон уште пред една недела го кажа последниот збор во однос на прашањето за Новак Ѓоковиќ: „Правила си се правила!“ – и тие важат и за најдобриот тенисер во светот, без разлика дали му се допаѓаат или не.

На Ѓоковиќ не му е дозволено да игра на Австралија Опен во Мелбурн, па уште пред официјално да започне турнирот тој веќе беше големиот губитник. Тој за жал во процесот предизвика и колатерални штети. Во бескрајната сага Ѓоковиќ угледот на австралиските власти, на организаторите на турнирот и Светскиот сојуз на тенисери, АТП, се исто така беа нарушени.

Замрсена конструкција на лаги

И да сака човек да му поверува на Ѓоковиќ, кој не се вакцинира поради сопствено убедување, дека во моментот кога допатувал во Мелбурн бил убеден оти ги има сите потребни документи за влез во земјата, она што потоа следеше откако се покажа дека не е така, е просто апсурдно.

Одеднаш во игра се појави тврдењето дека неодамна бил заразен со коронавирус што претходно не го пријавил, а поради што би се сметал за прележан.

Потоа беше приложен како доказ позитивен тест, за кој брзо се откри дека е погрешна датиран. Па следеше јавно извинување поради тоа што излезе дека кога наводно бил позитивен делел награди на деца и давал интервјуа на новинари.

Андреас Штен – Цимонс, автор на коментарот

Андреас Штен – Цимонс, автор на коментарот

Една лага секогаш си повлекува и други сѐ додека не се урниса целата конструкција на лаги. Не би било зачудувачко Ѓоковиќ наскоро да мора да ја повлече приказната и да признае дека сепак не бил позитивен и оти пријавениот тест бил фалсификуван со што би избегнал да одговара за кршење на корона протоколите во Србија и Шпанија. Но, тоа пак веројатно би повлекло дополнителни истраги за фалсификат или измама.

Нема допир со реалноста

Се чини дека Новак Ѓоковиќ си живее во свој универзум во кој тој е сонцето околу кое се врти сѐ. Тоа што во неговата татковина Србија тој се слави како херој и што таму имаше демонстрации за негово ослободување, никако не му помагаат да го задржи допирот со реалноста. Изјавите на таткото на Ѓоковиќ дека неговиот син е распнат како Исус, исто така не одат во прилог на тоа. Добро е што со одлуката на министерот за имиграција на Австралија, Алекс Хоук, да му ја поништи визата на Ѓоковиќ тој за разлика од тенисерит покажува дека има допир со реалноста. Штета е што спортистит и неговите советници не увидоа дека не може да ја добијат оваа битка и дека вложија приговор на одлуката. Добро е што и тој им беше одбиен.

„Сите се придржувавме до правилата за да дојдеме во Австралија и да играме на турнирот,“ изјави пред неколку дена тенисерот Стефанос Циципас во едно интервју. „Многу мало малцинство реши да оди по свој пат со што направи мнозинството да изгледаме како идиоти,“ изјави грчкиот тенисер.

Погрешно! Идиотот во оваа приказна е Новак Ѓоковиќ.