Започнува постапката за разрешување на Катица Јанева | Северна Македонија | DW | 29.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Започнува постапката за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители едногласно одлучи да почне постапка за разрешување на шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева. Извештајот наскоро ќе биде испратен во Собранието.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев соопшти дека на денешната седница Советот едногласно донесол одлука да почне процедура за разрешување наКатица Јанева, шефицата на СЈО во оставка. Извештајот за Јанева денеска или најдоцна утре ќе биде испратен во Собранието на Република С. Македонија. Тој, како што истакна Штерјев, ќе содржи делови од исказите кои пријавувачот и сведоците ги дале пред Обвинителството. Тековната истражна постапка, нагласи Штерјев, не дозволува изнесување опширни информации во Извештајот, но овој документ сепак содржи доволно податоци за пратениците во законодавниот дом да можат да имаат увид во фактичката состојба.

Денешната одлука на Советот на јавни обвинители е донесена по завчерашната седница, која траеше осум часа, а на која обвинителката Вилма Рускоска од Обвинителството за организиран криминал реферирала за случајот „Рекет“ и одговарала на прашања на членовите на Советот.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја осомничи Јанева дека ја злоупотребила службената положба и овластување и му овозможила на осомничениот Орце Камчев да излезе од притвор и да добие времен пасош во предметот „Империја”. Јанева се наоѓа во притвор, исто како и двајцата осомничени во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

DW.COM

Реклама