Заев си заминува, владата ќе ја предводи нов лидер на СДСМ | Северна Македонија | DW | 19.11.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Заев си заминува, владата ќе ја предводи нов лидер на СДСМ

Зоран Заев нема да ја предводи новата влада. Премиерот бара од СДСМ да се ефектуира неговата оставка на седница на Централниот одбор во вторник. Новиот партиски лидер ќе биде нов премиер.

Nordmazedoniens Ministerpräsident Zoran Zaev kündigt Rücktritt an

Зоран Заев очекува во вторник да му се ефектуира оставката во СДСМ

Зоран Заев очекува од вторник да го почне заминувањето од премиерската и претседателската функција во СДСМ. По завршувањето на состанокот со лидерот на Алтернатива Африм Гаши во петокот, се уште актуелниот премиер најави дека ќе побара од партиските органи неговата оставка- најавена по вториот круг на локалните избори да се ефектуира во вторник. 

„Ќе побарам да биде свикан Централниот одбор во вторник за да се констатира оставката и да почне веднаш постапката за избор на нов претседател на СДСМ“.  

„Сите што прават драми и го лажат народот, еве зборот е збор“, рече Заев алудирајќи на критиките од опозицијата. 

Заев потврди дека заминувањето е конечно и во иднина, и партијата и владата треба да добијат нов предводник, а функциите, според него, треба да ги преземе една личност. 

Нема договор меѓу Заев и Гаши, владиното мнозинство и натаму неизвесно

„Моето искуство ми кажува, и јас посакувам новиот лидер на СДСМ да биде и претседател на владата.  

До 14 декември нема да стигнеме со избор на нова влада и нов мандатар на владата. Овој период СДСМ треба да го искористи да го избере својот претседател“, рече Заев. 

„Ако се успее во овој период, а верувам дека може да се успее, затоа што роковите се доволни за СДСМ да избере претседател, и верувам дека тој треба да биде новиот мандатар.“ 

Според Заев, во СДСМ досега не се разговарало за новиот мандатар. Фактот што на состанокот со Гаши дојде со актуелниот заменик-министер за финансии Димитар Ковачевски, Заев одби да го коментира иако токму тој се споменува како негов можен наследник и во партијата и во владата.

Одлуката за тоа, рече Заев, треба да се донесе на внатрепатриски избори во СДСМ.

 

DW.COM