Заев најави обединување наместо поделби | Македонија | DW | 27.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Заев најави обединување наместо поделби

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на 22 конгрес на партијата вети дека ќе гради општество еднакво за сите, во слободна и непартизирана држава. Тој истакна дека главен приоритет на Македонија остануваат ЕУ и НАТО.

На 22 конгрес на партијата, лидерот на СДСМ Зоран Заевденеска  рече дека граѓаните избрале демократски вредности наспроти режим, и дека нема да дозволи да се изигра нивната доверба.

Мандатарот за состав на нова влада порача дека ќе работи посветено, чесно и одговорно, и дека ќе гради општество еднакво за сите, во слободна и непартизирана држава, при што секој граѓанин ќе биде важен, без разлика на вера или нација.

Партијата доби огромна поддршка од граѓаните. Извојувавме историска победа, граѓаните избраа демократски вредности наспроти режим. Од ова место сега и тука, ветувам дека посветено ќе работам и нема да дозволам да се повтори злото што го направи ВМРО-ДПМНЕ", рече лидерот на СДСМ. Тој се обрати и до делегатите и ја побара нивната поддршка за реизбор на лидерската функција во партијата.

„Порачувам, секој од вас да си вети дека од денес ќе работи исклучиво за граѓаните. Да не нѐ поведат ниски политички страсти, ни треба оптимизам, смиреност и одговорност. Пред нас е голем предизвик, како владејачко мнозинство да го оствариме она што го ветивме. Од овој конгрес сите заедно се обврзуваме за живот за сите во Македонија".

Заев истакна дека главен приоритет на Македонија остануваат ЕУ и НАТО, и дека тој пат нема да биде лесен и ќе зависи од сите граѓани. На конгресот во отворениот дел се обратија и претставници од сестринските партии на СДСМ, чии пратеници се членови на Европскиот парламент.

 

 

DW.COM

Реклама