Заев: влада до среда и укинување на екстерното | Македонија | DW | 29.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Заев: влада до среда и укинување на екстерното

Прва обврска на новата влада ќе биде укинување на екстерното тестирање на учениците, најави денеска мандатарот и иден премиер, Зоран Заев. Тој очекува дека изборот на владата ќе заврши до среда на полноќ

Веднаш по изборот на новата влада ќе следи укинување на екстерното тестирање на учениците, најави лидерот на СДСМ, Заев откако попладнево даде исказ во Основото јавно обвинителство по кривичната пријава која неговата партија ја поднесе против четворица функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Одлуката за екстерното е итна затоа што, според одлуката на претходната влада, тоа треба да започне на 5 јуни, понеделник следната недела.

Според собранискиот Деловник, изборот на владата во парламентот треба да тече во рок од 48 часа. Мандатарот Заев се надева дека нема да биде искористено максималното време за дебата. Но, и доколку се искористат максималните рокови, изборот треба да заврши до среда на полноќ.
Први приоритети на новата влада ќе бидат подигнувањето на минималната плата во земјата и преглед на финансиската состојба во земјата. Тој рече дека веќе биле подготвени „30-ина закони кои се готови и подготвени да влезат во дебата“. Се работи за закони кои немаат буџетски импликации.

 

DW.COM

Реклама