Заврши самитот во Брно | Вести | DW | 26.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Заврши самитот во Брно

Косово е најголемиот проблем во средна Европа, а решение е прием на Западниот Балкан во ЕУ, изјави чешкиот претседател Вацлав Клаус на затворањето на неформалниот самит на шефови на државите од централна, источна и јужна Европа кој се одржа во Брно. Во завршната изјава од средбата е нагласена силната поддршка за проширување на ЕУ и евроинтеграција на балканскиот регион. Македонскиот претседател Црвенковски денеска најави дека Македонија ќе биде домаќин на следниот самит.