Заврши домашниот карантин на Ангела Меркел | Свет | DW | 03.04.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Заврши домашниот карантин на Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел од денеска повторно е на работа во нејзиниот кабинет во Берлин, по две недели поминати во домашна изолација поради сомнеж за инфицираност со коронавирус.

Портпаролот на германската влада Штефен Зајберт денеска во Берлин изјави дека 14-дневниот превентивен домашен карантин на канцеларката, во кој таа беше ставена по препорака на институтот Роберт Кох, е завршен. Меркел, откако била во контакт со лекар кај кого подоцна со тест е утврдено дека бил инфициран со коронавирус, беше сместена во карантин. Лекарот ја вакцинирал Меркел против бактерија на пневмокока. Оттогаш, Меркел трипати беше подложена на тестза новиот коронавирус и сите три теста беа негативни.  Во двонеделниот период канцеларката Меркел државничките должности ги извршуваше од дома.

Владата на Меркел во справувањето со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус презеде драстични мерки за ограничување на јавниот живот, но владиниот кризен менаџмент според последната анкета на јавното мислење на јавниот сервис АРД, Дојчландтренд, го подигна нејзиниот углед. Додека на почетокот на март од работата на владата во Берлин биле незадоволни шест од десет граѓани, сега е обратно, шест од десет се задоволни. Владината коалиција составена од партиите на Унијата, ЦДУ и ЦСУ и од СПД актуелно има поддршка кај населението како ниеден друг владин кабинет од 1997 година досега. Зголемена поддршка бележи и партијата на Меркел, ЦДУ - 34 проценти. 
Канцеларката Ангела Меркел пак води на скалата на омиленост кај граѓаните со 63 проценти, следена од министерот за финансии Олаф Шолц од СПД со 63 проценти и министерот за здравство, Јенс Шпан од ЦДУ  со 60 проценти. 

Реклама