Жртвени јагниња: Дискредитација и смртни закани за виролозите среде пандемија | Свет | DW | 02.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Жртвени јагниња: Дискредитација и смртни закани за виролозите среде пандемија

Експертите кои беа ангажирани да ги советуваат владите за справување со пандемијата на Ковид-19 станаа предмет на критики. Во Германија нападите врз вирологот Кристијан Дростен станаа жестока тема.

Секоја земја има најмалку еден познат експерт за Ковид-19 кој стана препознатлив како лидер во пандемијата. Германија не е исклучок. Кристијан Дростен брзо стана познато име кога ја презеде функцијата на главен владин советник за коронавирусот. Врвниот виролог од болницата Шарите во Берлин беше еден од научниците кој го откри САРС во 2013. Тој стана многу популарен во германската јавност со својот аудио подкаст во кој одговара на прашања поврзани со коронавирусот. Подкастот стана голем хит со над 43 милиони прегледи или симнувања.
Но, како се зголемува бројот на луѓе кои ја негираат заканата од Ковид-19 и протестираат против карантинските мерки, Дростен и други виролози се обвинети за ширење страв и полека се соочуваат со темната страна на популарноста.
Пред неколку дена, најголемиот германски таблоид Билд го обвини Дростен за објавување лажни податоци во студија за Ковид-19 кај децата, со цел да протурка политичка агенда.
Дростен и тим научници ги истражуваа виралните концентрации на Ковид-19 во грлата на децата и возрасните. Дојдоа до заклучок дека спротивно на претходните претпоставки, децата се погодени од вирусот исто како и возрасните. Заклучоците беа критикувани од некои други научници.
Но весникот Билд тврдеше дека студијата на Дростен довела до затворање на училиштата и градинките ширум Германија. Следуваше целонеделна кавга за научни процедури и новинарска професионалност.

Deutschland Coronavirus Christian Drosten (picture-alliance/dpa/C. Gateau)

Вирологот Кристијан Дростен добива смртни закани поради неговите здравствени препораки


Сомнежите околу советите на Дростен станаа погласни изминатите недели, како на социјалните мрежи, така и на улиците, каде илјадници граѓаните протестираа против карантинските мерки, меѓу нив и бројни десничарски екстремисти и поддржувачи на теории на заговор.

Дискредитација на науката

На почетокот на мај се појавија стикери на улични светилки во Минхен кои го споредуваа Дростен со нацистичкиот доктор Јозеф Менгеле. „Верувајте ми, јас сум лекар“, гласаше слоганот под фотографијата.
Дростен и други виролози се дискредитираат дури и од политичари од умерениот политички спектар. Премиерот на Северна Рајна Вестфалија, Армин Лашет е противник на стриктните ограничувачки мерки. На телевизија тој ги обвини виролозите дека го менуваат мислењето на неколку дена.
Паралелно со навредите и исмевањето од онлајн троловите, пристигнаа и закани со смрт.
На 26 мај пратеникот на социјалдемократите и епидемиолог Карл Лаутербах доби шишенце со непозната течност со порака „Испиј го ова- ќе те направи имун“. Неколку часа подоцна истиот пакет пристигна и кај Дростен. Лаутербах подоцна доби уште една закана: разгледница со крст, неговото име и инструкции да се грижи за своето семејство. Заканувачите се уште не се познати.


Дростен зборуваше за смртните закани и во интервју за весникот Гардијан во април годинава.
„За многу Германците, јас сум лошиот човек кој ја уништува економијата“, изјави тогаш.
Американскиот колега на Дростен, водечкиот експерт за инфективни болести Ентони Фаучи, сега има и лична заштита поради добиените смртни закани. За многу Американци, Фаучи е глас на разумот во актуелната администрација на Доналд Трамп. Но некои десни радикали сметаат дека целта на Фаучи е да го спречи реизборот на Трамп за претседател годинава. Некои републикански сенатори, пак, го обвинуваат дека ја уништува економијата во земјата со своите препораки.

Научната логика

Михаел Лихман, од Гетинг Институтот за демократски истражувања, вели дека е важно подобро да се разбере процесната логика на науката.
„Дебатите, аргументите, споровите се дел од науката, и се дел од потрагата по знаење“, вели тој за ДВ. „Науката секогаш треба да стреми кон пренесување на знаењето во општеството“.
„Тоа не значи дека науката треба автоматски да обезбеди политички препораки. Заклучоците се уште се резервирани за општествениот дискурс и за политички превод. Но сеедно, науката не треба да стравува да дава препораки кои можат да бидат извлечени од научното знаење“.
Но доколку продолжат кампањите и нападите, како оние врз виролозите, со главна цел за дискредитација на научниците, тогаш тие треба да бидат отфрлени, а научниците треба заеднички да се борат, вели Лихман.
„Во тој контекст, солидарноста не е само збор, туку и стратегија против такви напади“.

Гледај видео 01:21

Борбата против Ковид-19 во германските болници

DW.COM

Реклама