Ердоган бара поништување на локалните избори во Истанбул | Свет | DW | 10.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ердоган бара поништување на локалните избори во Истанбул

Турскиот претседател оцени дека изборните власти треба да ги поништат резултатите од изборите во Истанбул, според кои победи кандидатот на опозицијата, укажувајќи на нелегитимност на гласањето поради многу нерегуларности

Според Реџеп Таип Ердоган, наводните нерегуларности ги установиле колегите од неговата партија што фрла сенка на изборите, како и дека тоа би требало да доведе до поништување на изборите ако пристапот е искрен.

Тој рече оти неговата партија АКП ќе продолжи да поднесува жалби додека изборната комисија не донесе конечна одлука.

Партијата на Ердоган најави дека ќе бара одржување на нови избори во Истанбул.

Според привремените резултати на локалните избори одржани на 31 март во Турција, партијата на Ердоган загуби во Анкара и во Истанбул, два големи града кои 25 години се под контрола на АКП и нејзините исламистички претходници.

Ердоган одби да го признае поразот во Истамбул и рече оти таму имало масовни нерегуларности, кои, според него, биле организирани.

Повеќе:

-Почеток на крајот на ерата на Ердоган?

-Драматични избори во Турција

-Каква партија е ЦХП?

АКП наведува оти на гласачките места е намален бројот на гласовите кои ги добил нивниот кандидат и дека наместените податоци се испраќани до изборните власти. Исто така, партијата тврди оти во една населба- Бујукчекмеџе, повеќе илјади луѓе непрописно се впишани во изборниот список.

Ekrem Imamoglu CHP Bürgermeisetkandidat in Istanbul (DHA/I. Mase)

Екрем Имамоглу, кандидатот на опозицијата за градоначалник на Истанбул

Партијата на претседателот минатата недела поднесе повеќе жалби до изборната комисија кои доведоа до делумно повторно пребројување на гласовите, главно околу 300.000 гласачки ливчиња се прогласени за неважечки на денот на изборите.

Иако тоа повторно пребројување е при крај, кандидатот на опозициската партија ЦХП, Екрем Имамоглу синоќа изјави дека има предност од 14.000 гласа пред кандидатот на АКП, поранешниот премиер Бинали Јилдирим.

DW.COM

Реклама