1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Mazedonien Proteste in Skopje VMRO DPMNE Nikola Gruevski
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Експремиерот Никола Груевски ќе мора во затвор

БГ
5 октомври 2018

Апелациониот суд претпладнево му ја потврди казната затвор од 2 години на поранешниот премиер Никола Груевски изречена во случајот со набавката на луксузниот Мерцедес.

https://www.dw.com/mk/%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%B5%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%9C%D0%B5-%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B0-%D0%B4%D0%B2%D0%B5-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80/a-45767157

Експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ќе мора на издржување на затворска казна од две години, откако Апелациониот суд денеска му ја потврди првостепената пресуда за случајот „Тенк“.
Судот ги одби како неосновани жалбите на Груевски и на неговите бранители, и во целост ја потврди пресудата.
Намалена му е првостепената казна од 6,5 на 4,5 години на поранешниот шеф на јавните набавки во МВР, Ѓоко Поповски.
Предметот кој го водеше Специјалното јавно обвинителство се однесуваше на набавката на службено возило на МВР во 2011 година. Според обвинителството и пресудата, Груевски влијаел врз тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и други државни функционери да набават поскапо возило од првично предвиденото.
Како доказни материјали во постапката беа користени материјали од прислушкуваните разговори кои ги обелодени тогаш опозициската СДСМ во 2015 година.
Груевски и неговите адвокати сега имаат можност да се жалат и до Врховниот суд, но тоа не го одложува извршувањето на казната.

Одлуката на Апелациониот суд се случува во момент кога постоеше реална опасност делото за кое беше обвинет Груевски да застари.

За предметот Тенк во одвоена постапка и се суди и на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница