1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Никола Груевски стравува од апсење

ЖА / агенции
4 септември 2018

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски на прес-конференција го нападна судството за необјективност и пристрасност во постапките против него и други екс-функционери од ВМРО ДПМНЕ.

https://p.dw.com/p/34HTI
Mazedonien Wahlen - VMRO-DPMNE Gruevski
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Поранешниот македонски премиер обвини за вршење груб политички притисок заради негово брзо затворање:

„Огромната пропаганда на власта против мене и моите соработници се сведува на предмет со кој сакаат да ме затворат во предвечерието на референдумот, во предмет во кој сум влијаел да се набави службено блиндирано возило за МВР во кое сум сакал да се возам“, рече Никола Груевски на прес-конференција во Собранието. Тој тврди дека в.д. претседателката на Апелациски суд врши притисок врз судиите да ја потврдат првостепената одлука на Основен суд Скопје 1, за предметот ,Тенк“ во кој тој е осуден на двегодишна затворска казна.

Повеќе: 

Груевски во затвор на хартија, но дали и во ќелија?

Може ли Груевски да очекува „подобри времиња“?

Екс-премиерот најави дека тој и неговите адвокати нема да се појават на утрешната јавна седница на Апелациски суд, во знак на протест поради, според него, политичкиот процес против него.

„Мене не ме суди судот туку политиката“, рече Груевски.

Пресудата за набавката на луксузниот блиндиран „мерцедес“ од 600 илјади евра по обвинението на СЈО под името „Тенк“, следуваше три години откако пролетта 2015 година беше објавена првата „бомба“ што го откри овој случај. За делото за кое се товари Груевски предвидена е затворска казна од 1 до 3 години.