1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Егзекутиран еден од двајцата бомаши во метрото во Минск

17 март 2012

Белоруските власти ги информирале роднините на Владислав Ковалјов, еден од двајцата бомбаши во меторо во Минск, дека тој е егзекутиран со стрелање, информираше групата за човекови права „Вјасна“.

https://p.dw.com/p/14M2v
Владислав Ковалјов на судењето (десно)Фотографија: picture-alliance/dpa

„Врховниот суд испрати писмо во кое вели дека пресудата е извршена“, и’ рекла на групата сестрата на Ковалјов, Татијана. Белорусија одби помилување на двајцата мажи осудени на смрт за нападот во април минатата година, во кој загинаа 15 луѓе.

Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон вчера (16.03.) му се обрати на белоруското раководство со барање да не се извршува смртната пресуда за двајцата мажи осудени за бомбашкиот напад во метрото. Во изјава од нејзината канцеларија се укажа дека таа е многу загрижена за одлуката да не се преиначи казната за двајцата фабрички работници – Димитриј Коновалов и Владислав Ковалјов, кои беа осудени на смртна казна во ноември.

Белорусија е последната држава во Европа која ја користи смртната казна и нема официјални статистики колку често тоа се прави. Земјата се’ повеќе е изолирана од Западот.

„ЕУ се противи на употребата на смртната казна во сите околности", изјави Ештон, повикувајќи ја Белорусија да се приклучи на глобалниот мораториум на користењето на смртната казна, како прв чекор кон нејзино универзално укинување.

Стреланиот Ковалјов беше осуден за соучесништво, а Коновалов за носење и активирање на бомбата во метрото во Минск. Тоа беше најужасен напад во постсоветската историја на земјата, а авторитарниот претседател Александар Лукашенко за нападот ги обвини странските и домашни непријатели. Државната телевизија во средата (14.03.) објави дека Лукашенко одлучил да не ги помилува двајцата 26 годишни мажи.

Автор: АМ/СН/афп

Редактор: Симе Недевски