Евровизија: Двоглавиот орел на Елени Фуреира ги разлути Грците | Панорама | DW | 10.05.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Евровизија: Двоглавиот орел на Елени Фуреира ги разлути Грците

Албанија на Изборот за песна на Евровизија испрати рок-балада. Албански музичари настапуваат и за Италија и Кипар. Нивните биографии раскажуваат за миграциската историја на земјата.

Сите се родени во Албанија, но на Евровизија (ЕСЦ) настапуваат за три различни земји: Еугент Бушпепа на својот мајчин јазик пее за Албанија, Елени Фуреира на англиски за Кипар, а Ермал Мета на италијански за Италија. Еугент Бушпепа се квалификуваше за финалето во сабота. Елени Фуреира, која двапати безуспешно се обидуваше да стане грчки претставник на ЕСЦ, годинава пее за Кипар.

Кога ќе се погледнат биографиите на тројцата уметници, може да се видат промените во албанското општество по крајот на комунизмот. Многу луѓе ја напуштија земјата во 1990-тите, меѓу нив и семејствата на Елени Фуреира и Ермал Мета.

Лутина поради албанскиот двоглав орел

Елени Фуреира, позната и како „грчката Бијонсе“, расне во скромни услови и со семејството се сели во Атина, тогаш уште под името Ентела Фурерај. Како и многумина други албански мигранти во Грција, зема грчко име и прво се обидува да молчи за своето потекло. Првиот студио-албум во 2010 година завршува на прво место на грчката топ-листа и добива платински статус. Две години игра во мјузиклот „Барбарела“. Кога во 2017 година излегува нејзиниот четврти албум „Василиса“ им става крај на шпекулациите околу потеклото и кажува дека потекнува од Албанија.

„На училиште бев сведок на дискриминација на странците. Кога на почетокот на кариерата на луѓето во музичката бранша ќе им кажев дека доаѓам од Албанија, бев исто така дискриминирана, па со семејството одлучивме да молчам за потеклото“, рече тогаш Фуреира во интервјуа за неколку весници.

Eurovision Song Contest - Albaner beim ESC (B. Mujku)

Фотографијата на Фуреира и Бушпепа која крена прашина

Во Лисабон пред камерите позира заедно со Еугент Бушпепа. Албанскиот двоглав орел кој на фотографијата го прават со своите дланки, предизвика огорченост на социјалните мрежи во Грција и коментари со омраза, затоа што тоа се интерпретира како склоност кон „Голема Албанија“. Во интервју за Cyprus Broadcasting Corporation (CyBC) Елени Фуреира изјави дека млади Грци пишувале ксенофобични коментари. На коментарите од типот „Стана позната со пари од Грците, што е ова со двоглавиот орел?“, Елени Фуреира реагира опуштено: „Сѐ што имам постигнато е благодарение на мојата напорна рбаота и решителност.“

Италијански сон

И пејачот и кантавтор Ермал Мета морал напорно да работи за да успее. Како 13-годишник со семејството се сели од Албанија во Италија. Во Албанија постојано го гледал фестивалот Сан Ремо и сонувал да настапи на него. Сонот му се остварува во новата татковина - Италија. Како член на групите Амеба 4 и Ла фаме диКамила во 206 и 2010 година учествува на Сан Ремо, во делот за „њукамери“. Од 2013 година  настапува самостојно и работи претежно како композитор за познати италијански уметници. Со песната „Одио ле фаволе“ во 2016 година ја освојува третата награда на Сан Ремо во категоријата „њукамери“. Една година подоцна е уште поуспешен и ја освојува третата награда на фестивалот во главниот натпревар.

Eurovision Song Contest - Albaner beim ESC (eurovison.al/DW/B. Mujku)

Ермал Мета уште како дете сонувал за голем настап на Сан Ремо

Ермал Мета досега има издадено три албуми. Со „Не ми сторивте ништо“ тој заедно со Фабрицио Моро ја освои првата награда на Сан Ремо. Со оваа песна двајцата ја претставуваат Италија на Евровизија. Песната потсетува на жртвите на последните напади во Европа и е пледоаје против војната и теророт.

Успешен рокер од Тирана

И Еугент Бушпепа по завршувањето на средното училиште оди во Италија, каде почнува да студира медицина, но подоцна се враќа во Албанија. Од копнеж по својата девојка ја пишува рок-баладата „Копнеж“ и со нејзе настапува на ЕСЦ. Пејачот од малото место Решен, по неколку концерти, во 2007 година доживува посебен врв на кариерата - со својата група настапува на отворањето на еден концерт на Дип Парпл. Постојано добива понуди од меѓународни супер-ѕвезди. Го ценат пред сѐ музичарите од групата Ганс енд Роузис. Во 2014 година на турнеја го зема групата Дарколоџи.

Eurovision Song Contest - Albaner beim ESC (eurovison.al/DW/B. Mujku)

Еугент Бушпепа (втор од д.) со својот тим во Лисабон

Бушпепа на Евровизија настапува со песна која можеби не е толку рок како песните на Ганс енд Роузис, но од неговите тетоважи веќе сега се одушевени и коментаторите и гледачите во Лисабон.

DW.COM

Реклама