ЕБРД ја зголеми прогнозата за растот на македонската економија во 2021 | Северна Македонија | DW | 29.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

ЕБРД ја зголеми прогнозата за растот на македонската економија во 2021

Бруто домашниот производ (БДП) на С. Македонија се предвидува да се зголеми за 4 проценти во 2021 година, соопшти денеска Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), ажурирајќи ја својата прогноза од септември.

„Во 2021 се очекува делумно закрепнување на македонската економија, со реален раст на БДП од 4 проценти како резултат на закрепнување на извозот и приватната потрошувачка, како и одржливата потрошувачка на владата“, рече ЕБОР во последното издание на својот извештај за регионалните економски изгледи.

ЕБРД предвиде раст од 3 проценти на БДП на С. Македонија во 2021 година во претходното издание на извештајот во септември минатата година.

Банката прогнозира раст со иста стапка од 4% на македонското стопанство  во 2022 година. Сепак, предвидувањата се изложени на значителна неизвесност, наведува ЕБРД. 

„Како поволни така и неповолни ризици се и натаму присутни и првенствено се однесуваат на брзината на обновување на надворешната побарувачка и способноста на владата да ја реализира својата амбициозна агенда за инфраструктурата со оглед на стеснетиот фискален простор“, се вели во извештајот: „Одговор на коронавирусот во 2021 година: Поставување подобри темели“.

Повеќе:

-Македонскиот БДП во минус – последен удар на пандемијата

-Загрижувачки прогнози на ЕК: Пад на македонската економија за 4,9 отсто

-Пандемијата ја урна економијата - Македонија должи над 6,5 милијарди евра

Македонскиот Брутодомашен производ во 2020 година забележа пад од 4,5%.

Што се однесува на Западен Балкан, се очекува дека БДП во регионот ќе порасне за 5,1 отсто во 2021 година.

Меѓутоа, континуираната неизвесност околу ограничувањата на патувањата ги оптоварува можностите за економиите во регионот кои се зависни од туризам.

Се очекува дека растот на БДП во регионот ќе се намали на 3,8 отсто во 2022 година. 

Пошироко гледано, опоравувањето на економиите во развој во источна Европа, централна Азија и во северна Африка се забрзува по пандемијата со Ковид-19 и таа ќе забележи раст од 4,2 насто во 2021 година, според есеноска прогнозираните 3,6 отсто, соопшти ЕБРД.

Главната економистка од ЕБРД, Беата Јаворчик, вели дека во земјите кои биле погодени со предизвикувачки економски околности пред пандемијата само дополнително ги засилиле постоечките проблеми.