Долгата рака на Југословените | Свет | DW | 06.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Долгата рака на Југословените

Југословени убиваа Југословени, а Германија молчеше и набљудуваше. Нов развој на судењето на поранешните функционери на југословенската тајна служба во Минхен, обвинети за убиства на хрватски дисиденти.

„Долгата рака на Југословените“- под овој наслов германскиот Зиддојче Цајтунг информира за пресвртот во судењето на Јосип Перковиќ и Здравко Мустач, поранешните припадници на југословенската тајна служба кои се обвинети за убиства на хрватски дисиденти во Германија во текот на 1980-те години.

Откако во вторникот на судењето во Минхен сведочеше Винко Синдичиќ, исто така поранешен припадник на југословенската служба, и двајцата обвинети најавија дека конечно ќе го прекинат двегодишниот молк и ќе се огласат во врска со обвинението.

Перковиќ и Мустач се обвинети дека го организирале убиството на дисидентот Стјепан Ѓурековиќ, кој бил ликвидиран во Волфратсхаузен во близината на Минхен во 1983 година.

„Колку повеќе детали за злосторствата на социјалистичкиот југословенски режим излегуваат на виделина, толку повеќе запаѓаат во дефанзива старите и новите социјалисти во Хрватска кои играат важна улога“, пишува Зиддојче Цајтунг.

Весникот потсетува дека токму претходната влада на хрватските социјалдемократи се обидувала да го спречи испорачувањето на експрипадниците на тајните служби.

Josip Perkovic Auslieferung nach Deutschland 24.01.2014

Израчувањето на Јосип Перковиќ на Германија, јануари 2014.

„Хрватските социјалисти беа тие кои сакаа да го спречат минхенското судење. Со законот донесен специјално за таа прилика, наречен уште и Лекс Перковиќ, се обидуваа во 2013 година да го спречат испорачувањето на обвинетиот во Германија. Десно-конзервативната ХДЗ во судењето гледаше шанса за конечно расветлување на минатото. А германското Државно обвинителство толку долго инсистираше сѐ додека во Хрватска не преовладаа поддржувачите на испорачувањето. За кривичен прогон во самата Хрватска, очигледно сѐ уште не се исполнети претпоставките“.

Гледај видео 42:36

Убиство во Титово име

Весникот пишува и за неславната улога на германската политика која ги затворала очите пред убиствата на мигрантите.

„Југословени убиваа Југословени, а Германците се држеа настрана: Околу 30 Хрвати во егзил беа убиени од 60-те до средината на 80-те години во Германија, а нивните убиства останаа неразјаснети. 'Повисоки интереси', објаснуваа на судењето поранешните германски политичари Герхарт Баум (ФДП) и Клаус фон Донањи, кои беа сведоци во процесот: Добрите односи со државата Југославија на владите на Вили Брант, Хелмут Шмит, а на почетокот и на Хелмут Кол, им беа важни. Југословенскиот режим важеше за пријателски посредник со Истокот“, пишува Зиддојче Цајтунг.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама