Договорот со Северна Македонија „сламка за спас“ за налутените избирачи | Северна Македонија | DW | 01.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Договорот со Северна Македонија „сламка за спас“ за налутените избирачи

Пет месеци по гневните демонстрации во поголемите градови против контроверзниот договор за името со Северна Македонија, темата едвај се споменува во предизборната кампања за изборите на 7 јули во Грција. Меѓутоа...

Таканаречениот Преспански договор меѓу Атина и Скопје со кој поранешната југословенска република беше прекрстена по заглавениот 27-годишен спор е главна точка за многу гласачи, особено во северниот грчеки регион Македонија, забележува новинската агенција Франс Прес во репортажата објавена спроти предвремените парламентарни избори во Грција: 

„По кризата, сиромаштијата и невработеноста, тоа е последната сламка за спас," вели Христос Бијикудис, жител на Пела во северна Грција. „Владата не предаде. Тие ни ја продаваат татковината," вели 39-годишниот работник кого го начекавме пред кафулето што морал да го затвори благодарение на економската криза. Зад него, во градскиот центар има статуа на Александар Велики, со векови еден од најпознатите воини. Тој е роден во Пела, некогаш главен град на античкото македонско кралство, а денес веднаш зад границата кон Северна Македонија. Тоа што некогаш било античка Македонија денес е дел и од Северна Македонија, Бугарија и Албанија.

За многу луѓе во северна Грција, Македонија е грчка. „Луѓето тука се многу налутени. Не можам да разберам како граѓаните гласаа за Сириза," вели Бигликудис, кој алудира на левичарската партија на премиерот Алексис Ципрас кој придонесе за Преспанскиот договор заедно со неговиот колега од Северна Македонија, Зоран Заев. На изборите за Европскиот парламент во мај годинава Ципрас беше поразен со речиси 9,5 проценти разлика од конзервативната партија Неа Демократија, која силно се противеше на договорот за името кој го оценува како штетен за грчките интереси. Во кампањата Сириза изгуби гласачи во грлкиот регион Македонија, во некои делови дури и со 20 проценти разлика во однос на Неа Демократија. Дебаклот беше заокружен една недела подоцна кога неа Демократија на локалните избори ги освои сите со исклучок на два грчки региона. Самиот Ципрас претходно призна дека преспанскиот договор, кој нему и на Заев им обезбеди номинација за Нобеловата награда за мир, „штетен" за него.

Повеќе:

-Македонија веќе не ги возбудува Грците

-За Преспанскиот договор, за името Македонија– една година подоцна

-Грчкиот парламент е распуштен, Ципрас побара избори на 7 јули


„Плаќам политичка цена...има реперкусии во целата земја," изјави тој за државната телевизија ЕРТ во мај годинава.
Никос Маранцидис, професор по балкански студии на универзитетот во Македонија објаснува дека Преспанскиот договор на Неа Демократија и го дал итно потребниот „психолошки и морален поттик" по години во дефанзива. На претходните избори во 2015 конзервативците мораа да се бранат од обвинувања за „соработка" и „предавство" на Грција на нејзините кредитори со воведување на рестриктивна економска политика. Овој пат Сириза е обвинета дека ја предала земјата за другата тема. „Треба да ги бесиме," вели Јанис, 70 годишен пензионер. „ќе се најде некој што ќе го направи тоа, нема да се спасат туку така."

И покрај сето тоа имаше и неочекуван резултат. Изгледа дека главниот кој извлече полза од Преспанскиот договор беше нова националистичка партија, Грчко решение, која доби 4,18 проценти од гласовите во земјата на првото појавување на избори и обезбеди еден мандат во Европскиот парламент. Грчко решение е предводена од Кирјакос Велепулос, поранешен пратеник од десното крило и новинар кој подоцна се занимавал со ТВ маркетинг. Велепулос кој има силна про-руска ориентација и фотографија од Владимир Путин во канцеларијата беше предмет на потсмев заради промоцијата на т.н. „благословена" паста за заби наводно произведена од православни монаси со натпис наводно пишан на времето од Исус Христос. Исто така шеги се биеја околу тоа дека Велепулос кој самиот е проќелав рекламира лосион за коса. Но, контроверзиите не му наштетија на неговиот имиџ. Неговата партија беше активна на социјалните медиуми со патриотска реторика и во некои делови на северна Грција достигна и трето место со околу 8 проценти освоени гласови.

Велопулос самиот се претставуваше како алтернатива за неонацистичката партија Златна зора, која порано беше трета најсилна партија во Грција. Раководството на Златна зора е заглавено во долг процес за криминални дела наводно сторени од партиски чланови, меѓу кои и убиството на антифашистички рапер во 2013 година.
„Сакаме грчки патриоти кои се гласачи на Златна зора да дојдат кај нас. Би биле горди ако Грчко решение помогне во тоа да исчезне Златна зора," вели еден од кандидатите, Бабис Панајотис, сопственик на фитнес студио и поранешен шампион во теквондо. „Голем дел од електоратот кој гласаше за нас беше противник на Преспанскиот договор," додава тој.

 

DW.COM

Реклама