Законот за дивоградбите се враќа во Собрание  | Северна Македонија | DW | 27.05.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Законот за дивоградбите се враќа во Собрание 

Собранискиот спикер Талат Џафери очекува законот на 8 јуни да се најде на пленарна седница. Дотогаш се очекува во него да бидат вметнати забелешките на стручната јавност. 

Законот за бесправно изградени објекти на 8 јуни треба да се најде на собраниска седница. Претседателот на Собранието, Талат Џафери најавува дека веќе на наредната седница овој закон повторно ќе се најде пред пратениците, бидејќи негова деловничка обврска е да го врати на дневен ред во трето читање во рок од 30 дена од неговото донесување. „На 11 мај е изгласан, најдоцна на 11 јуни треба да се најде на седница. На 8 јуни ќе се најде на дневен ред“, вели Џафери. Законот нема да се враќа во Комисијата за транспорт и врски, туку ќе оди директно на пленарна седница. 

-повеќе на темата: Законот за легализација на дивоградби на ремонт

Ако повторно биде усвоен со најмалку 61 глас, претседателот Стево Пендаровски, кој неодамна стави вето на законот, овојпат ќе нема право на избор. Пендаровски неодамна изјави дека ако мнозинството пак го изгласа, тој ќе мора да го потпише указот за стапување во сила на законот за постапување по бесправно изградени објекти, бидејќи со првото непотпишување се исцрпуваат неговите уставни надлежности.

Законот беше изгласан во Собранието на 11 мај, со поддршка на пратеници од власта и од опозицијата. По еден месец, тие повторно ќе имаат шанса да се изјаснат во парламентот за законот кој предизвика бурни реакции и полемики во јавноста.

Arbeiter - Baustelle in Ohrid Mazedonien

Според надлежните, во С. Македонија има околу 50.000 дивоградби, чиј статус мора да се регулира

Претставници на стручната фела, членовите на ДКСК, невладините организации, архитекти и правни експерти минатата недела побараа предлог-законот за легализација на бесправно изградените објекти да се повлече, да се направи попис и категоризација на дивоградбите за да се утврди нивниот точен број, па потоа да се пристапи кон изработка на соодветно законско решение. Главните забелешки изминатиот период беа дека законот ги амнестира оние коишто ги прекршиле законите од одговорност и место да го реши проблемот со дивоградбите, всушност е вовед во градежен хаос.

-повеќе на темата:Расте притисокот за повлекување на законот за дивоградби

Предлог-законот е во фаза на доработка, а министерот за транспорт и врски Благој Бочварски минатата недела изјави дека се подготвени да го подобрат законското решение и да ја исклучат легализацијата во заштитени подрачја. Исто така, ќе се исклучат и објектите кои се втор дом или викендици односно не се водат како адреса на живеење според лична карта. 

Според надлежните, во С. Македонија има околу 50.000 дивоградби, чиј статус мора да се регулира. Првично со законот се предвидуваше легализација на објекти изградени и во националните паркови, а од него беше изземен само Охридскиот регион. Антикорупциската комисија најави дека ќе го оспори законот пред Уставен суд.