1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Erster Schultag in Nordmazedonien
Фотографија: Petr Stojanovski/DW
Здравје

Сали: Децата се враќаат во училишните клупи

ДТЗ
28 јануари 2022

Министерот за здравство, Беким Сали, вели дека опаѓа бројот на заразени. Според него, секој позитивен на ковид не значи дека починал токму од вирусот.

https://p.dw.com/p/46EEh

Учениците од 1 февруари се враќаат во училишните клупи. Министерот за здравство, Беким Сали, денеска потврди дека наставата во второто полугодие ќе продолжи со физичко присуство и покрај зголемениот број на заразени со новиот сој Омикрон

„Сите иницијативи кои се преземаат од родители и одредени групи не сносат правна одговорност. Според нашите искуства нема да има потреба од онлајн настава во овој период, затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела“, вели Сали, кој во петокот ја прими третата доза вакцина против Ковид-19. 

Министерството за здравство најави скрининг по случен избор на деца и во зависност од тоа ќе се преземаат нови мерки. „Нема зголемување. Забележуваме дека опаѓа на бројот на заразени, нема потреба од нови мерки“, вели тој. 

Школскиот распут во Северна Македонија беше пролонгиран две недели поради големиот број заразени со Омикрон. 

Бројот на починати од ковид во Северна Македонија, според надлежниот министер, се чини висок затоа што според методологијата на бележење, секој кој починал, а бил позитивен на Ковид-19, се регистрира како починат со коронавирус. „Но, тоа не значи дека смртта била последица од ковид“, вели министерот.

„Можеби сме земја со висока смртност од пандемијата, но не значи дека ние не сме го згрижиле пациентот. Во регионот имаат друга методологија, па не треба да ве залажува бројката што е кај нас 8.000, а кај нив 2-3.000“, рече Сали.  

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Рација против група која планирала државен удар во Германија

Рација во Германија: Планиран државен удар

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница