Децата од Домот „11 Октомври“ од Скопје | Македонија | DW | 10.01.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Децата од Домот „11 Октомври“ од Скопје

Вработените во Домот за деца без родители „11 октомври“ веќе 65 години се грижат за децата оставени без родителска љубов и грижа да бидат изведени на вистинскиот пат.

default

Тие се Марија, Мартина, Сузе, Еми, Александра, Џеми, Зоран само некои од 60- те штитеници од Домот за деца без родители „11 Октомври‘‘ од Скопје. Поради игра на судбината останале без своите родители или поради родителска негрижа од службите на Центрите за социјална работа биле сместени во Домот се до полнолетството. Голема и значајна е улогата на нивните воспитувачи да ги изведат на вистинскиот пат. Во отсуство на директорката Зденка Танасова со домот раководи Оливера Јовиќевиќ.

„Моралното воспитување, сите вредности како другарството, толеранцијата, самопочитта, самодовербата што е после многу важно за да после успее во животот. Едноставно овде детето се социјализира, значи тежнееме кон тоа и ги правиме да бидат утре успешни во животот‘‘, вели Јовиќевиќ.

Во домот се учи се’

По многуте животни трауми децата во домот со наша грижа ја имаат и првата насмевка потенцира Јовиќевиќ.

„Првите знаења, првите хигиенски навики, тука некогаш е и првата насмевк, верувајте. Затоа што почнуваат и со другарчињата да се дружат, затоа што дотогаш се и малку неадаптирани и несоцијализирани‘‘.

По завршувањето на средното образование со помош на државата и спонзори нашите штитеници продолжуваат со школување на факултет, а на оние кои не сакаат да учат им наоѓаме работа, а добиваат и стан од државата.

Ја имаме помошта од Министерството за труд и социјална политика, многу установи и спонзори, а на што сме им многу благодарни, вели Јовиќевиќ.

Да се работи во установа од ваков тип е голем предизвик во истовреме и преголема одговорност потенцира Павлина Сековска една од воспитувачите во Домот.

„Ние воспитувачите кои што работиме во домот заедно со стручниот тим, работиме на оспособување на воспитаниците коишто живеат во домот за самостоен живот по неговото напуштање‘‘.

Да се изградат здрави личности

Сековска заклучува дека за нив воспитувачите најголема награда е кога децата до 18 години ги изградиле во здрави личности подготвени за самостоен живот. Марија, Мери, Александра, велат дека родителската љубов во домот им ја заменуваат воспитувачките кои одлично се грижат за нив, а имаат и многу другарчиња со кои другаруваат и растат. Како и сите деца и тие имаа свои желби и планови.

Grundschulklasse in Skopje, Mazedonien

„Тука во домот имам љубов, среќа, радост, се грижат за нас не шетаат, не носат на школо. Јас сакам да кажам, дека многу ни е убав животот во домот. И јас сум многу благодарна што сум во дом и многу сум среќна .Јас воспитувачките многу ги почитувам. Во домот ми е баш супер си имам другарчиња, наставниците баш ги почитувам, ги сакам.‘‘

Десетгодишниот Зоран Тасев има голема дарба за пишување. За само петнаесетина минути напиша химна за своето училиште „Кочо Рацин е името твое, те сакам ,те сакам ко сонце мое, среде каменица гнездо свило, училиште драго, училиште мило‘‘.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Борис Георгиевски