Десните популисти нишанат високо | Свет | DW | 15.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Десните популисти нишанат високо

Француската десничарска партија Национален фронт и германската АфД ги обединуваат, но и ги разделуваат многу работи. И во двете земји десничарските партии се подготвуваат за важните избори во 2017 година.

Кога партијата Алтернатива за Германија (АфД) освои 21 процент од гласовите на изборите во покраината Мекленбург-Предна Померанија и ја претекна конзервативната ЦДУ на Ангела Меркел, Марин Ле Пен на Твитер напиша: „Патриотите на АфД ја збришаа партијата на г-ѓа Меркел. Честито!“

Всушност, на Марин Ле Пен не ѝ е потребна помош од надвор. Таа веќе смело настапува од едни избори на други, успешно освојуваќи голем број на гласови. На последните избори за пратеници во Европарламентот, Националниот фронт (НФ) на Марин Ле Пен стана најсилната партија.

Но, не беше вака отсекогаш. Нејзиниот татко, Жан-Мари Ле Пен, спектукаларно успеа да дојде до вториот круг на претседателските избори во 2002. година, но другите партии се организираа против него и во финалната рунда Жак Ширак го освои мнозинството гласови. За многумина француски граѓани, антисемитистот Жан-Мари, на крајот, едноставно не беше опција. Тој ги опиша нацистичките гасни комори како „детал од историјата на Втората светска војна“.

Кога неговата ќерка стана лидер на партијата во 2011. година, таа постепено ја намалуваше моќта на нејзиниот татко и на крајот го исклучи од партијата поради „лошо однесување“. Од тогаш, таа се обидува да воспостави поумерен политички тон што се покажа како многу успешно.

Timeline 2er Weltkrieg Auschwitz wird befreit

За Жан-Мари Ле Пен холокаустот е само „детал“ од Втората светска војна

Страв од глобализација

Сепак, голем дел од нејзините политички идеи се едвај помалку радикални од оние на нејзиниот татко. Таа сака Франција да се врати на франкот, да го напушти НАТО и да одржи референдум за понатамошното членство во ЕУ. Одлуката за напуштање на Британија на ЕУ, Брегзит, оди во прилог на агендата на Марин Ле Пен. Таа сака длабоко кратење на социјалните трансфери за странците кои живеат во Франција, а француско државјанство да добијат луѓето кои имаат француско потекло или тоа го заслужиле, а не оние кои само се родени во Франција.

Најголемиот дел од експертите велат дека заедничко за луѓето кои гласаат за АфД, НФ и други десничарски партии во Европа е тоа што се плашат од глобализацијата, од губењето на моќта на државата. Бегалската криза, според нив, само го влошила овој страв. Николас Лебург, француски истражувач на радикализмот, верува дека кога станува збор за текот на мигранти, популистите профитираат од „коинциденцијата на неколку кризи одеднаш“, вклучувајќи ја финансиската и европската криза.

Според Жан-Доминик Џилиано, претседател на фондацијата Роберт Шуман во Париз, гласањето за десничарските популисти е „реакција на недостатокот на кредибилни одговори на Европа и протест против државите кои не успеваат да најдат решенија за прашањата кои ги засегаат луѓето“. „На овој начин прашањата за имиграцијата и идентитот станаа многу големи проблеми кои ги прифатија десничарските популисти“, вели Џилиани.

На Ле Пен и‘ се потребни меѓународни контакти

Досега АфД настојуваше да се дистанцира од Национален Фронт. Маркус Прецел, член на АфД и на Европскиот парламент, ги здружи силите со парламентарната група Европа на нации и слобода (ЕНФ) на Ле Пен. Сепак, неговата сомисленичка и копретседателка на АфД, Фрауке Петри, сеуште се нема сретнато со Ле Пен.

Клер Демесмај, Французинка од Советот за надворешни односи на Германија верува „дека АфД во Германија нема да профитира доколку покажува блискост со Национален Фронт“ , тоа е така затоа што во Германија на НФ се гледа, оправдано, како на дел од екстремната десница. Партија која е поврзана со антисемитизам, што претставува нешто „со кое не може да се добијат поени во Германија“, вели Демесмај. Сепак, таа додава дека во однос на прашањата во фокус и политичката ориентацијата, има многу сличности меѓу двете партии.

Од другата страна, за француски политичар кој сака да биде претседател, важно е да покаже дека „има меѓународни контакти и одреден степен на препознатливост на светската сцена, а тоа ја вклучува и Германија“. Манифестот на НФ повикува на алијанса помеѓу Русија, Франција и Германија - алтернатива на ЕУ со цел да се воспостави „глобално лидерство“ вели Демесмај. Точка на контакт за овој проект, вели таа, е АфД.

Österreich Treffen Patriotischer Frühling in Wien

Марин Ле Пен и десничарскиот претседателски кандидат од Австрија, Норберт Хофер

Други партии ги прифаќаат целите на НФ

Досега АФД мораше да се ограничува на помала улога во Германија, иако таа континуирано расте. Во годината што доаѓа, Марин Ле Пен го има поставено својот нишан на ништо помалку од француското претседателство. Анкетите покажуваат дека таа има добри шанси да стигне до вториот круг, а веројатно и како кандидат со најмногу гласови. Тоа, се разбира, пред се зависи од тоа кои ќе бидат другите кандидати. За сегашниот претседател, Фрнсоа Оланд, се вели дека нема никакви шанси за реизбор, доколку реши повторно да се кандидира. Всушност, моменталното мислење е дека и било кој друг социјалист не би имал некакви шанси.

Поради тоа, сè зависи од кандидатот на конзервативните Републиканци. Доколку партијата го предложи поранешниот претседател Никола Саркози, различни анкети идницираат дека Ле Пен би можела да го победи дури и во првата рунда. Истите анкети сутестираат дека умерениот Алан Јупе, кој се смета за сериозен политичар, би бил во подобра позиција. Сепак кога станува збор за финалната рунда повеќето политички аналитичари очекуваат повторување на феноменот од 2002. година кога таткото на Марин Ле Пен загуби од Ширак: Се предвидува дека и гласачите со крајно левичарски убедувања ќе гласаат, дури и против своите убедувања, за конзервативниот кандидат со цел да ја сопрат Ле Пен. Поради сето ова, општото мислење во Франција е дека противкандидатот на Ле Пен ќе биде Републиканец. Калкулациите одат дотаму што Французите сметаат дека кој и да биде кандидат на Републиканците, сигурно ќе се пресели во Елисејската палата.

Клер Демесмај исто така смета дека веројатноста Марин Ле Пен да стане следниот француски претседател е „практично нула“. Според неа, поверојатно е дека „другите партии ќе прифатат дел од идеите на Национален Фронт. Тоа, вели таа, веќе почнува да се случува: „Ова е вистинска и реална опасност“.

DW.COM

Реклама