Демонстраните се приближија до безбедносната ограда во Хајлигендам | Вести | DW | 06.06.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Демонстраните се приближија до безбедносната ограда во Хајлигендам

*

Германската полиција со водени топови и солзавец веќе почна да ги растерува неколкуте илјади демонстранти кои неочекувано се собраа на само неколку километри до Хајлигендам каде вечерва започнува самитот на Г8. Демонстрантите, користејќи шумски патчиња се приближиле до безбедносната ограда со која е обезбедено местото на средбата. Друга група пак го затворила автопатот по кој треба да поминат државниците на осумте најразвиени земји во светот. Дел од демонстрантите го блокирале и возот со кој се превезуваат акредитираните новинари до прес центарот на самитот.