Двојното државјанство наскоро можно во Германија? | Информации и анализи за Германија | DW | 20.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Двојното државјанство наскоро можно во Германија?

Милиони луѓе во Германија, меѓу нив и многу македонски државјани, мораат да бираат меѓу матичното или германското државјанство. Големи се шансите идната влада да овозможи двојно државјанство за сите.

Deutschland Migration l Einbürgerung

Во иднина полесно до двојно државјанство во Германија?

„Младите луѓе од 18 години не можат да разберат зошто по прашањето за двојното државјанство сѐ уште имаме правила кои се реликт на минатото“, изјави копретседателката на германските Зелени, Аналена Бербок во понеделникот (18.10) за Дојчландфунк. Таа во тој разговор потврди дека Социјалдемократите, Зелените и Либералите во претстојните преговори за коалициска влада ќе се обидат да го отворат патот за модернизација на Германија. Тоа е нов сигнал дека идната власт би можела да овозможи двојно државјанство, за што се зборуваше и претходно. 

Во екот на преговорите за т.н. семафор коалиција - наречена според боите на трите партии - во фокусот се прашањата за даноците, зголемувањето на минималната плата и борбата против климатските промени. Но, како што пишува Вестдојче алгемајне цајтунг, со таа коалиција би следувале и низа промени во општеството. За нив помалку се дебатира бидејќи трите партии во принцип се согласни.
„Младите би стекнувале право на глас уште од 16 години, конзумирањето канабис би било делумно легализирано, а двојното државјанство начелно можно“, пишува весникот. 

Во прелиминарниот договор, кој партиите го усогласија минатата недела, а кој сега треба да биде продлабочен со коалициски преговори, се наведува дека тие се залагаат за „модерен концепт на државјанство“. Освен тоа: „Оние кои се добро интегрирани во Германија и сами се издржуваат треба побрзо да добиваат правно сигурен статус за престој“. 

Забрането двојно државјанство 

Во моментов во Германија двојното државјанство е начелно забрането - освен доколку се работи за државјани на некоја друга членка на ЕУ или на Швајцарија. На пример, може истовремено да се има бугарски и германски пасош, но не може македонски и германски.

За милиони мигранти и нивните деца тоа значи дека, кога ќе ги исполнат условите за добивање германско државјанство, мораат да одлучат дали ќе станат државјани на новата татковина или ќе го задржат старото. 

Deutschland | Live-Talk zur Energie- und Klimapolitik in Berlin | Christian Lindner, Annalena Baerbock und Olaf Scholz

Идната влада сака да го модернизира концептот на државјанство. Кристијан Линднер (ФДП), Аналена Бербок (Зелени) и Олаф Шолц (СПД)


Двојното државјанство е дозволено само во исклучителни случаи, па така тоа важи за Мароканците затоа што нивната земја предвидува тешки последици доколку се откажат од него. Исто така, и децата родени во Германија можат да имаат привремено двојно државјанство но, откако ќе наполнат 18 години, мораат да се одлучат за едно. 

Германскиот пасош меѓу најсилните во светот 

Според актуелните правила, по пет години престој и работа во Германија може да се поднесе барање за постојана дозвола, додека барањето за државјанство е можно по осум години. Тогаш се полага и тест за познавање на германскиот правен систем, култура и историја. Германското државјанство им дава на граѓаните право на глас на сите нивоа, можност да се вработат со статус на државни службеници, како и безвизно патување во 191 држава или територија. Тоа го прави германскиот пасош трет „најсилен“ во светот, по Јапонија и Сингапур.

Меѓу германските граѓани кои имаат уште еден пасош најбројни се Полјаците (344.000). Во 2020-та германски пасош добиле 690 македонски граѓани (310 мажи и 380 жени), што претставува намалување од околу 19 проценти во споредба со 2019-тата, кога германски пасош добиле 850 граѓани од Северна Македонија (400 мажи и 450 жени). 

DW.COM