Две училишта во Германија затворени по неколкудневна настава | Информации и анализи за Германија | DW | 07.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Две училишта во Германија затворени по неколкудневна настава

Стотици ученици беа испратени дома денеска откако нивните училишта мораа да бидат затворени поради откриени инфекции со коронавирусот. Нов удар за враќањето во нормала по одморите.

Deutschland Mecklenburg-Vorpommern | Coronavirus - Schule geschlossen (picture-alliance/dpa/I. Leithold)

Затворената гимназија во покраината Мекленбург

Само неколку дена откако покраината Мекленбург- Предна Померанија стана првата во Германија која ги отвори училиштата по летните одмори, околу 800 ученици беа принудени да се вратат во своите домови откако еден наставник беше позитивен на тестот на за Ковид-19. Заразениот наставник не држел настава од понеделникот, кога беше отворена гимназијата, но сите 55 наставници сега ќе мора да бидат тестирани на коронавирусот. Училиштето ќе остане затворено најмалку до среда, соопшти општината.

Уште 100 ученици од основно училиште во регионот на Росток се ставени во двонеделен карантин откако еден нивни соученик бил позитивен на вирусот. 

- повеќе на темата: Ковид-19- катастрофа за цела генерација ученици

Состојбата во Мекленбург-Предна Померанија будно се следи во целата држава затоа што таа беше првата покраина во земјата која ги отвори училишните порти во понеделникот, по летните одмори.

Гледај видео 01:04

Ковид-19: Импровизирани прегради за безбеден училишен ден

Покраинските министри за образование во јули се усогласија да се отворат сите училишта на почетокот на новата учебна година, откако претходната година заврши само со скратени часови.

Но критичарите велат дека не е реално да се очекува таквиот пристап да функционира поради новиот раст на бројот на заразени од коронавирус во земјата.

Случувањата во Мекленбург ќе бидат предупредување за властите во Берлин и покраината Северна Рајна Вестфалија каде се очекува отворање на училиштата од понеделник, следната недела.

Бројот на новозаразени од коронавирусот во Германија во последните два дена зема нов замав. Вчера беа регистрирани над 1,000 новозаразени за првпат од почетокот на мај, а денеска тој број се искачи на нови 1,147 позитивни случаи.

DW.COM

Реклама