Дајмлер мора да повлече стотици илјади дизел-возила | Информации и анализи за Германија | DW | 12.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Дајмлер мора да повлече стотици илјади дизел-возила

Германските власти „неодложно“ ќе наредат официјално повлекување на возилата на Дајмлер, се вели во Берлин. Станува збор за Мерцедеси со дизел-мотор со недозволени решенија за контрола на емисијата на штетни гасови.

Германската влада му наложи на производителот на автомобили Дајмлер во моментов да повлече 238.000 возила опремени со софтвер кој под одредени услови ја исклучува контролата на емисија на штетни гасови.

Тоа го изјави германскиот министер за сообраќај Андреас Шојер по вчерашниот состанок со генералниот директор на Дајмлер, Дитер Цече, и додаде дека компанијата е подготвена со владата да „соработува транспарентно и со максимална брзина“.

Повеќе:

-Ангела Меркел: Дизел-канцеларка

-Загаден воздух: Срамота за Германија!

-Забрана за дизел - жолт картон за еколошки совесната Германија

Шојер наведе и оти повлекувањето е наредено по „интензивни и долги преговори“ со Дајмлер.

Меѓу спорните возила се комбето Мерцедес „вито“ и автомобилите Мерцедес „ГЛЦ 220д“ и „Ц220д“.

Германското Министерство соопшти дека во Европа има околу 774.000 такви возила, но не наведе дали ќе бидат повлечени и возилата надвор од Германија. 

Реклама