Гутереш во Берлин: Ковид-вакцината им припаѓа на сите луѓе | Свет | DW | 18.12.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Гутереш во Берлин: Ковид-вакцината им припаѓа на сите луѓе

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш апелира за праведно распределување на вакцината против Ковид-19 во светот.

„Важно е вакцините да ги сметаме за глобално јавно добро. Тие треба да се достапни до луѓето насекаде во светот и по прифатлива цена. Вакцина која ќе им припаѓа на луѓето," изјави денеска Гутереш во говор во германскиот парламент, Бундестагот, по повод 75-годишнината од постоењето на ОН.

Гутереш на основачите на фирмата Бионтек од Мајнц, Угур Сахин и Озлем Туречи, им изрази „најдлабоко признание за големиот придонес во развојот на вакцина", изјава која беше наградена со аплауз од германските пратеници.

Генералниот секретар на ОН на германската влада ѝ се заблагодари за нејзиниот ангажман за развој и праведна распределба на вакцините, дијагностиката и третманот. „Навремените мерки на германската влада придонесоа за спасување животи", а значаен е нејзиниот удел на пример и во иницијативата Ковакс на Светската здравствена организација за рамномерна распределба на вакцината, рече Гутереш. Тој побара натамошни напори во справувањето со пандемијата на коронавирус.

Неопходно е и спротиставување на „вирусот на лажни информации", истакна Гутереш: „Сведоци сме како во целиот свет популизмот ја ифнорира науката и ги заведува луѓето. Се шират лажни информации, митови и диви теории на заговор.ОН работата на стекнување доверба во вакцините, базирани врз научна основа и факти," рече Гутереш. 

Гледај видео 01:41

Ковид-19 и (не)фер распределбата на вакцината ширум светот

Реклама