Грција: Напад со боја врз амбасадата на САД - причина и Македонија | Свет | DW | 07.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Грција: Напад со боја врз амбасадата на САД - причина и Македонија

Грчката полиција уапсила осум лица откако со боја била вандалзирана американската амбасада во Атина. За нападот со боја одговорност презеде грчка анархистичка група.

Полицијата во Атина соопшти дека осумте лица ги уапсила откако десет мотоциклисти рано утрината фрlиле црвена боја на влeзот во паркингот на амбасадата на Соединетите Американски Држави во грчкиот главен град. Анархистичката група позната како Рувиконас на интернет објави дека е одговорна за нападот, кој се случил во 3:30 минути изутрина по локално време.

Во објавата на Рувиконас како причини за нападот се наведени „американскиот империјализам“, грчкиот договор со Македонија за промена на името на соседната земја во Северна Македонија во замена за членство во НАТО, како и неодамнешната американска одлука за повлекување на нејзините трупи од Сирија, со која курдските борци се оставени на милост и на немилост на, како што пишува групата, „полуфашистичката држава“ Турција.

Групата Рувиконас и предходно изведуваше слични напади врз амбасади, грчки државни институции и канцеларии на политички партии.

DW.COM

Реклама