Грција: Затишје по бурата | Свет | DW | 28.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Грција: Затишје по бурата

Преспанскиот договор предизвика вистинска бура во Грција. Но сега, спорот со соседна Македонија и официјално е решен. А животот во Грција продолжува понатаму. Од Солун известува Флоријан Шмиц. 

Од петокот едно, за Грците важно прашање, е затворено: со тесно мнозинство парламентот во Атина го ратификуваше Договорот од Преспа. Во Атина оваа тема има маргинална улога. Но во Солун, главниот град на грчкиот регион Македонија, емоциите и понатаму се силни. 

За продавачката во една био-продавница во центарот на Солун викендов животот продолжи како и претходно. „Некако мораше да се најде решение“, вели таа. Но, дали е задоволна? „Не сум многу среќна што ќе го користат името Македонија. Но што да се прави? Тоа е тоа и животот продолжува“. Нејзината продавница е често посетувана од туристи. Секој викенд доаѓаат многу луѓе и купуваат квалитетни производи, меѓу нив и многумина од соседството. И тоа нема да се промени. 

Грчко-македонската граница е само на 40 минути возење од Солун. Бројните допирни точки меѓу двата народа се тука особено забележителни. Годишно-одморците и викенд туристите од Северна Македонија се бројни. 

Griechisch - Mazedonische Grenze (picture-alliance/dpa/M. Kappeler)

Македонско-грчката граница


Многуте, мали приватни универзитети се полни со студенти од соседната земја. Трговија меѓу двете земји цвета. Грците патуваат во Северна Македонија по ефтин бензин, поволни стоматолошки услуги и посетуваат казина. 

Но посакуваната реалност и случувањата  честопати се разминуваат. Национализмот и претераниот патриотизам ги оптоваруваат дискусиите - а често и меѓусебните средби меѓу луѓето од двете земји. Секогаш одново во дискусиите на површина испливува едно име: Александар Велики. 

Еден човек од Пела, село во близина на Солун, е бесен поради компромисот. Во антиката Пела била седиште на македонското кралство. 

„Сѐ е тука напишано на грчки. Никој од северниот сосед тука не може да разбере ниту еден збор“, вели човекот од Пела. За него, името Македонија не смее да биде предмет на преговори. „Тие се Словени. Треба да се викаат Вардарска“, вели тој. И други национал-конзервативни кругови во Грција го предлагаа тоа решение. 

Гласен национализам- тивко прифаќање 

Спорот за името во Грција го изнесе на виделина националистичкиот сентимент. Големите демонстрации во Атина пред две недели беа потсетник дека, пред сѐ десничарските движења во Грција добиваат ветер в грб од Преспанскиот договор.

Griechenland Athen | Protest gegen Abkommen mit Mazedonien, Namensstreit | Ausschreitungen (Reuters/A. Konstantinidis)

Насилство на протестите во Атина

Медиумите деновиве информираа за кавга меѓу еден Македонец и двајца Грци, откако тие му ги украле регистарските таблички на човекот кој возел кон границата. Во Солун беше оштетен споменикот на Евреите. Со месеци веќе се случуваат маршеви на десничарски, насилни групи, кои сметаат дека договорот со Македонија е предавство. 

Но, повеќето луѓе речиси и не ги забележуваат ваквите настани. Сепак, од страв од насилство или напади малкумина се осмелуваат јавно да го поддржат договорот со Македонија. „Зарем немаме доволно други проблеми за решавање?“ се прашува една млада студентка. Родената солунчанка вели дека и е доста од вечната дискусија за името. „Се наоѓаме пред огромни економски предизвици. Низ светот се водат војни. Ги чувствуваме последиците од климатските промени“. На мнозинството веќе не му е грижа дали соседната земја ќе се вика Македонија или не, вели таа. 

DW.COM

Реклама