„Горчлив“ старт во Лигата на шампионите
14 септември 2006Еден сомнителен пенал и еден извонреден гол на доскорешниот бундеслигаш Томаш Розицки , целосно го расипаа камбекот во Лигата на шампиони на екипата на Хамбургер . Бундеслигашот во првиот натпревар во групата Г , изгуби на домашен терен од Арсенал со 2:1 .
Но играчите на Хамбург останаа лути на судијата , поради црвениот картон кој уште во десетата минута му го покажа на голманот Саша Кирштајн , по неговиот старт во шеснаестерецот врз Робин ван Перси.
И тренерот Томас Дол смета дека Перси го изглумил пеналот и оти за таков ненамерен старт судијата кога веќе неправедно досудил пенал не требал да го исклучи Кирштајн.
„Така тој нормално во таква ситуација ни ја уништи целата наша игра“ - истакна Дол.
Инаку вториот натпревар во групата Г Порто и ЦСКА Москва одиграа нерешено 0:0 .
Вчера инаку се одиграа и првите натпревари и во групите Е, Ф и Х.
Го издвојуваме поразот на засилениот Реал од Мадрид против францускиот шампион Лион, со 2:0 , во групата Е , како и извонредно возбудливите 3:2 на Манчестер Јунајтед во островското дерби против Селтик од Глазгов.