Горештини на југот, поплави на северот – екстремни температурни разлики во Европа | Теми на денот | DW | 27.06.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Горештини на југот, поплави на северот – екстремни температурни разлики во Европа

Јужна Европа во периодов го преживува најжешкиот период во последнава декада. Во истовреме во Англија беснеат поплави. Голем број земји презедоа вонредни мерки.

default

Деца во Грција се ладат во фонтани

Грција во последниве денови е во метереолошка вонредна состојба. Живата на термометарот покажува рекордни 46 степени на копно, а 48 на островите. Вакви температури последен пат се забележани во 1987 година. Топлотниот бран во Грција однесе пет жртви. Властите веќе преземаа вонредни мерки. Овие два дена дел од државните институции нема да работат по 12 часот. Министерот за внатрешни Прокопис Павлопулос:

“Најважна е соработката меѓу сите надлежни. Министерството за здравство, елетростопанските компании, полицијата, крајбрежните власти, а ако е потребно и армијата”.

Во земјата е забележан и рекорден број на потрошувачка на електрична енергија, поради постојана работа на клима уредите. Грција е земја рекордер по климатски уреди. Метереолозите не очекуваат пад на температурите. Состојбата е слична и во јужна Италија. Вакви рекордни температури се измерени на Сицилија. Алармантна е ситуацијата и во Романија. Само во последниве 24 часа се регистрирани четири нови смртни случаи како последица на високите температури, со што бројот на жртвите се искачи на 29. Во Букурешт вчера се измерени 40 степени под сенка. Романската влада ќе преземе превентивни мерки. Романските метереолози во осум окрузи во земјата го подигнаа нивото на аларм на портокалово, што е претпоследно ниво на скалата. Посебни мерки се воведени и во Турција. Ослободени од работа се лицата со посебни потреби. И во турските одморалишта се регистрирани 44 степени. И во Македонија се регистрирани високи температури, но властите оценуваат дека нема причина за прогласување вонредна состојба. Додека јужна Европа гори од сонцето, на северот на континетот дождови и поплави. Од понеделникот до сега, поради ветар и невреме, на аеродромот во Франкфурт беа откажани повеќе лета. Во Англија има поплави. По големите дождови многу реки излегоа од коритата. Има најмалку три жртви. Стив Рандал од метереолошката станица во Лондон:

“Месецов ионака имаше многу врнежи поради што степенот на влага земјата беше висок. Едноставно водните системи не можат да ја апсорбираат водата којашто надојде. Ова е навистина невообичаено за јуни”.

Поради опасност од поплави, над илјада луѓе во градот Шефилд мораше да бидат евакуирани, а затворени останаа и неколку училишта.