Германците трошат најмногу за божиќни подароци | Економија | DW | 23.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германците трошат најмногу за божиќни подароци

Нема Божик без купување подароци, но не се троши еднакво во секоја земја во Европа. Анкетата направена во 20 земји покажа дека има и такви што претеруваат со купување, но и скржавци.

За добра атмосфера не сака да штеди никој. Но, колку пари се трошат за подароци во Европа? Тука има големи разлики. На прво место во купување е Германија. Германците во просек трошат по цели 870 евра - така барем тврди агенцијата Фератум, која направи анкета меѓу 13.000 Европејци.

Германците, според ова истражување, за подароци инвестираат над 30% од примањата. Еднакво дарежливи се и Литванците и Естонците.

Сосема на дното на листата се Финска и Холандија. Таму за подароци се трошат само 15, односно 10 проценти од приходите во домаќинството.

Овде може да го погледнете видеото:

Гледај видео 01:27

Купување подароци: дарежливи и скржавци

Книгите и натаму се најомилен подарок. Но, пари се трошат пред сѐ за играчки и видео-игри. 20 проценти од издатоците одат за таа намена. Потоа доаѓа облеката и електро-апаратите од секаков вид. За музички инструменти се трошат најмалку пари - само 1%.

Притоа, речиси никој не може да се претстави Божик без музика.

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама